МАНОЛЕВА: КУМАНОВСКАТА БОЛНИЦА СЕ ЗАЛАГА ЗА ИНВЕСТИЦИИ ВО ЧОВЕЧКИ КАПИТАЛ, ВО ИЗМИНАТИТЕ ГОДИНИ ВРАБОТЕНИ 199 ЛИЦА

Заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева денеска беше во посета на Општата болница во Куманово кадешто во изминатите неколку години реализирани се бројни активности за унапредување на квалитетот на работа на установата преку инвестирање во трите столбови – инфраструктура, медицинска опремна и кадровски потенцијал.

-Со поддршка од Министерството за здравство изграден е и пуштен во употреба нов Хируршки ургентен центар, граѓаните секојдневно добиваат здравствени услуги од областа на хирургија, ортопедија, анестезија и радиодијагностика. Со наша соработка изградена и пуштена во употреба е котлара на гас со што затоплувањето на установата е решено целосно со гас и со тоа е намалено загадувањето, рече Манолева.

Оваа установа, исто така годиниве е зајакната со нов современ рендген апарат, нов современ мамоград, ендоскопски столб, најсовремен 128 слајден компјутерски томограф и ехотомографски апарат. Од сопствени средства на болницата набавена е нова опрема за патолошка лабораторија и целосно е обновена апаратурата на одделот за физикална медицина. Кумановската болница важи за установа која силно се залага за инвестиции во човечкиот капитал. За неколку години реализирани се вработувања на 199 лица, а за седум години упатени се 35 доктори на специјализација во различни области.

Сподели на:

Related Posts