ПОСВЕТЕНО РАБОТИМЕ НА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРИОРИТЕТИТЕ ВО ЗДРАВСТВОТО, НОВИ ИНВЕСТИЦИИ И КАДРОВСКО ЗАЈАКНУВАЊЕ

Заменик министерката за здравство, д-р Маја Манолева денеска присуствуваше на свеченото одбележување на Светскиот ден на здравјето–7 април.

-Изминатиот период Министерството за здравство посветено работи на реализација на приоритетите во здравството, нови инвестиции во медицинска опрема, подобрување на инфраструктурните услови во јавните здравствени установи, а паралелно и за зајакнување и доусовршување на кадарот, што претставува еден од столбовите на секој здравствен систем.

Со задоволство можам да кажам дека Република Северна Македонија е прва земја од Западен Балкан што официјално го усвои Националниот акциски план за здравствена безбедност, во соработка со СЗО, што е важен чекор напред во зајакнување на нашата посветеност за заштита на здравјето и благосостојбата на нашите граѓани, истакна д-р Манолева во обраќањето.

Овој ден традиционално претставува можност да се зборува за предизвиците во здравството, да се сублимираат реализираните инвестиции во здравствениот систем, како и заеднички да се разгледаат аспектите на идниот развој на здравството во нашата држава.

Сподели на:

Related Posts