Author: Daniela Aleksoska

МАНОЛЕВА НА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА 31 ГОДИНА ОД ПОСТОЕЊЕТО НА ЛКМ: ЛЕКАРСКАТА КОМОРА Е НАШ ПАРТНЕР ВО УНАПРЕДУВАЊЕТО НА УСЛОВИТЕ ЗА РАБОТА НА ДОКТОРИТЕ, МОТИВАЦИЈА НА КАДАРОТ И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ

По повод 31 година од постоењето на Лекарската комора на Република Северна Македонија на свечениот настан се обрати заменик министерката д-р Маја Манолева пред членовите на органите и телата на Комората и преставниците на државните институции.-Денот на формирањето на Лекарската комора на Република Северна Македонија е особено значаен ден за сите нас кои припаѓаме на […]

ЕЛЕКТРОНСКИ ИЗВОД ОД МАТИЧНАТА КНИГА НА РОДЕНИ – НОВИНА ПРОМОВИРАНА ДЕНЕС ВО РОДИЛИШТЕТО ВО ЧАИР

Малиот Трим, роден во Специјалната болница за гинекологија и акушерство – Чаир е првото новороденче кое доби електронски извод од матичната книга на родени.Оваа новина е промовирана денеска при посетата на министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити на родилиштето во Чаир.На овој начин, се олеснува постапката за издавање извод на родени и се овозможува родителите […]

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРКАТА СЕ ОБРАТИ НА КОНГРЕСОТ НА ПЕДИЈАТРИ

Заменик министерката за здравство, д-р Маја Манолева, се обрати на отворањето на Осмиот конгрес на педијатрите на Република Северна Македонија, во организација на Здружението на педијатри. – Областа на педијатрија и здравствената заштита на најмладите е исклучително значајна тема на која Министерството за здравство посветува посебно внимание. Со цел надополнување на кадарот и долгорочно надминување […]

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ЦЕЛ ПЕДИЈАТРИСКИ ОДДЕЛ ВО БОЛНИЦАТА ВО ГОСТИВАР

Реконструкција на цел педијатриски оддел во болницата во Гостивар. -Со задоволство можам да констатирам дека гостиварската болница претставува успешен пример како може да се подобрат условите за третман со заеднички заложби на болницата и на опшествено одговорни компании, изјави министерот за здравство Меџити при посетата на гостиварската болница. Инвестицијата од над 14 милиони  денари со […]

НА ТОАРИЛУЦ ПРВПАТ СО АСИСТЕНЦИЈА НА РОБОТ Е ИЗВЕДЕНА ОПЕРАЦИЈА НА АРТРОЗА НА КОЛЕНО СО ДЕГЕНЕРАТИВНИ ПРОМЕНИ

Денес на ТОАРИЛУЦ првпат со асистенција на робот беше изведена операција на артроза на колено со дегенеративни промени. -Посебно сум горд на целиот тим кој учествуваше во самата интервенција.Покрај хирурзите се користи асистенција од робот што придонесува во голем процент за успешноста на самата процедура и намалување на можните комплилации. Овој вид интервенција не само […]

ЗДРАВСТВЕНА ПРАВИЧНОСТ, КОХЕЗИЈА И ОТПОРНОСТ ВО СЕВЕРНА МАКДЕОНИЈА: КОН ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ –НАЦИОНАЛЕН ФОРУМ ЗА ЗДРАВСТВО

Здравствена правичност, кохезија и отпорност во Северна Македонија: Кон трансформација на здравствениот систем“ –ова е темата на денешниот Национален форум за здравство на кој свое обраќање имаа министерот за здравство д-р Фатмир Меџити и заменик министерката д-р Маја Манолева.- Веќе подолг период со поддршка од агенциите на ОН и другите развојни партнери, се обидуваме да […]

НАЦИОНАЛНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА РЕЗУЛТАТИ ОД СТУДИИ ЗА БИХЕВИОРАЛНИТЕ И КУЛТУРОЛОШКИТЕ АСПЕКТИ ЗА УПОТРЕБАТА И ОТКАЖУВАЊЕ ОД ТУТУНОТ

Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити денес присуствуваше на националната презентација на резултатите од Студиите за бихевиоралните и културолошки аспекти за употребата и откажување од тутунот, како и презентација на Случајот со инвестициите во тутунот во земјава. Во своето обраќање министерот Меџити нагласи дека првпат се спроведуваат студии од овој тип на национално ниво за […]

МОЕ ЗДРАВЈЕ – НОВА ДИГИТАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЛЕСЕН ПРИСТАП И УВИД ДО ЛИЧНИТЕ ЗДРАВСТВЕНИ ПОДАТОЦИ

Министерството за здравство ја презентираше најновата мобилна апликација со која граѓаните ќе имаат можност во секое време да пристапат до личните здравствени картони Согласно политиките и заложбите за осовременување на здравствениот сектор преку дигитализација, Министерството за здравство ја презентираше новата мобилна апликација „Мое здравје“, која им овозможува на сите граѓани да имаат лесен пристап и […]

НАЦИОНАЛНА РАБОТИЛНИЦА ЗА ПЕРИНАТАЛНО ЗДРАВЈЕ

Заменик министерката за здравство, д-р Маја Манолева, денес присуствуваше на национална работилница за перинатално здравје, посветена на мајката и новороденчето. -Стратешкиот приоритет на Владата за следните години е да продолжи со зајакнување на здравствениот систем и да направи брз напредок кон подобрување на матерналните и неонатални исходи, со цел да го забрза патот кон постигнување […]

ЗДРАВСТВЕНИТЕ ИТНИ СЛУЧАИ СТАНУВААТ УШТЕ ПОКОМПЛЕКСНИ ВО УСЛОВИ НА КОНФЛИКТ, ИСТАКНА МИНИСТЕРОТ МЕЏИТИ НА 76 АСАМБЛЕЈА НА СЗО

Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити, на маргините на 76. Светска здравствена асамблеја учествуваше на настан организиран од министерот за здравство на Украина д-р Виктор Лиашко и министерот за здравство на Република Полска, д-р Адам Ниџиелски, посветен на унапредување на ургентниот здравствен одговор во Украина и пошироко.-     Механизмите за одговор можеме да ги зајакнеме преку заедничка […]