АКТУЕЛНО

НАД ИЛЈАДА ДЕЦА СЕ ВАКЦИНИРАНИ ВО РАМКИ НА ТЕРЕНСКАТА КАМПАЊА НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО

Над илјада деца се вакцинирани за пропуштени рутински вакцини во рамки на заедничката кампања на Министерството за здравство и Светската здравствена организација „Од врата до врата“. Кампањата почна на 24 април 2023 година и се спроведуваше вкупно четири недели, како дел од европската недела на имунизација 2023 година, со финансиска поддршка од ЕУ. Вкупно се […]

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРКАТА СЕ ОБРАТИ НА КОНГРЕСОТ НА ПЕДИЈАТРИ

Заменик министерката за здравство, д-р Маја Манолева, се обрати на отворањето на Осмиот конгрес на педијатрите на Република Северна Македонија, во организација на Здружението на педијатри. – Областа на педијатрија и здравствената заштита на најмладите е исклучително значајна тема на која Министерството за здравство посветува посебно внимание. Со цел надополнување на кадарот и долгорочно надминување […]

МОЕ ЗДРАВЈЕ – НОВА ДИГИТАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЛЕСЕН ПРИСТАП И УВИД ДО ЛИЧНИТЕ ЗДРАВСТВЕНИ ПОДАТОЦИ

Министерството за здравство ја презентираше најновата мобилна апликација со која граѓаните ќе имаат можност во секое време да пристапат до личните здравствени картони Согласно политиките и заложбите за осовременување на здравствениот сектор преку дигитализација, Министерството за здравство ја презентираше новата мобилна апликација „Мое здравје“, која им овозможува на сите граѓани да имаат лесен пристап и […]

НАЦИОНАЛНА РАБОТИЛНИЦА ЗА ПЕРИНАТАЛНО ЗДРАВЈЕ

Заменик министерката за здравство, д-р Маја Манолева, денес присуствуваше на национална работилница за перинатално здравје, посветена на мајката и новороденчето. -Стратешкиот приоритет на Владата за следните години е да продолжи со зајакнување на здравствениот систем и да направи брз напредок кон подобрување на матерналните и неонатални исходи, со цел да го забрза патот кон постигнување […]

ЗДРАВСТВЕНИТЕ ИТНИ СЛУЧАИ СТАНУВААТ УШТЕ ПОКОМПЛЕКСНИ ВО УСЛОВИ НА КОНФЛИКТ, ИСТАКНА МИНИСТЕРОТ МЕЏИТИ НА 76 АСАМБЛЕЈА НА СЗО

Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити, на маргините на 76. Светска здравствена асамблеја учествуваше на настан организиран од министерот за здравство на Украина д-р Виктор Лиашко и министерот за здравство на Република Полска, д-р Адам Ниџиелски, посветен на унапредување на ургентниот здравствен одговор во Украина и пошироко.-     Механизмите за одговор можеме да ги зајакнеме преку заедничка […]

РАБОТИЛНИЦА СО СЗО И УНИЦЕФ ЗА МАПИРАЊЕ НА ЦЕЛИТЕ ЗА МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ

Заменик министерката, д-р Маја Манолева учествуваше на работилница, посветена на проценка и мапирање на целите за ментално здравје и психосоцијална благосостојба на деца и адолесценти, што се реализира во соработка со СЗО и УНИЦЕФ. -Меѓу главните приоритети на Министерството е градењето капацитети за ментално здравје на децата и адолесцентите во здравствениот сектор, со цел унапредување […]

МИНИСТЕРОТ МЕЏИТИ ОСТВАРИ СРЕДБА СО ИЗВРШНИОТ ДИРЕКТОР ЗА РСМ ВО СВЕТСКА БАНКА

Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити, оствари средба со Кун Давидсе, извршен директор за Северна Македонија во бордот на извршни директори на групацијата Светска банка во Вашингтон. Се разговараше за состојбите во здравствениот сектор и начините за нивно унапредување. На состанокот, министерот Меџити ги истакна предизвиците со кои се соочува и воедно ја потврди заложбата […]

Д-Р МАНОЛЕВА НА НАЦИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА „МЛАДИТЕ И ФАРМАЦЕВТИТЕ–ЗАЕДНО ЗА ДОСТАПНА КОНТРАЦЕПЦИЈА“

Заменик министерката, д-р Маја Манолева ја отвори националната конференција, на тема „Младите и фармацевтите – заедно за достапна контрацепција“. -Континуирано работиме на унапредување на пристапот до гинеколошка здравствена заштита. Нашата заложба е да ги препознаеме компетенциите на матичните лекари–специјалисти по семејна медицина коишто вклучуваат и грижа за сексуалното и репродуктивното здравје како што се услуги […]

УК ЗА ПСИХИЈАТРИЈА ПРВ ЗДРАВСТВЕН ОБЈЕКТ КОЈ ЌЕ ЈА ПОДОБРУВА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ

Објектот на Универзитетската клиника за психијатрија во Скопје ќе биде комплетно реновиран и ќе стане енергетски ефикасен преку проектот за подобрување на енергетската ефикасност што се финансира преку Светска банка, а го спроведува Министерството за финансии, во соработка со Министерство за здравство. Градежните работи почнуваат денеска, на 15 мај и се очекува за пет месеци […]

ДВОДНЕВНА РАБОТИЛНИЦА ЗА ИЗГОТВУВАЊЕ СТРАТЕГИЈА ЗА РЕТКИ БОЛЕСТИ

Во организација на Министерството за здравство се одржува дводневна работилница за изработка на национална стратегија за ретки болести. На работилницата присуствуваат претставници од Здруженијата за ретки болести, Владата на РСМ,експерти од Комисијата за ретки болести, МТСП, МОН, ФЗОРСМ, и МАЛМЕД . Во изминатиот период, Министерството за здравство, заедно со Асоцијацијата за ретки болести реализираше низа […]