АКТУЕЛНО

ИНСТИТУТОТ ЗА РАДИОЛОГИЈА ОДБЕЛЕЖА 75-ГОДИШЕН ЈУБИЛЕЈ

Институтот за радиологија го одбележа 75-годишниот јубилеј од успешното функционирање, период на континуирано следење на трендот на технологијата, набавка на нова апаратура и воведување современи дијагностички процедури. -Обезбедуваме најсовремен мамографски систем со томосинтеза и стереотаксична биопсија, како и ултразвучен апарат за дојка. Исталиран е и нов ангиографски систем за интервентни радиолошки процедури, единствен на овие […]

РЕДОВНО ЧЕТКАЊЕ НА ЗАБИТЕ ЗА ПОДОБРО ОРАЛНО ЗДРАВЈЕ – МИНИСТЕРОТ САЛИ ЗАЕДНО СО УЧЕНИЦИТЕ ОД ОУ „БРАТСТВО“

Со мојот стоматолог сме одличен тим, заедно работиме за подобрување на оралното и за севкупното здравје! Добрата хигиена, редовните прегледи на забите и здравиот начин на живот ни помагаат да бидеме здрави. Ова беа дел од пораките на денешното предавање на министерот за здравство, д-р Беким Сали пред учениците од Основното училиште „Братство“. Дел од […]

САЛИ: ФОКУСИРАНИ СМЕ НА УНАПРЕДУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА ПРИМАРНАТА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА

Одржана работна средба во Министерството за финансии, со поддршка од Регионалната канцеларија на Светска банка во РСМ. На средбата со Фадиа Садах, директор за човечки развој за регионот на Европа и Централна Азија, главна тема беше зајакнување и развој на човечки капитал преку инвестиции во трите клучни сектори: здравство, образование и социјална заштита. -Фокусирани сме […]

ДРЖАВНИОТ СЕКРЕТАР ХАСАНИ НА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА СТУДИЈА ЗА ВЛИЈАНИЕТО НА КОВИД МЕРКИТЕ ВРЗ ИСХРАНА КАЈ ДЕЦАТА

Државниот секретар во Министерство за здравство, д-р Јусуф Хасани, заедно со претставници од МЗ, присуствуваше на презентација на студијата за „Влијанието на Kовид 19 мерките (карантини и затворање на училиштата) врз навиките на исхрана кај децата“. На настанот беа презентирани наодите од студијата во однос на квантитативно истражување-теренска анкета со родители и адолесценти, како и […]

МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ПРЕДВРЕМЕНО РОДЕНИ – СЕ НАМАЛУВА СМРТНОСТА, 8,2% ВО 2022 ГОДИНА

-Значително намалување на смртноста на предвреме родените бебиња, и тоа од 25% во 2016 година на 8,2% во 2022 година, на Универзитетската клиника за гинекологија заеднички го одбележавме Светскиот ден на прематуритетот – 17 ноември. Реализиравме бројни активности за унапредување во овој сегмент, како набавка на најсовремена медицинска опрема, во соработка со СЗО, УНФПА и […]

ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ ЗАСЛУЖУВААТ ПОЧИТ -НЕ ТРЕБА ДА БИДАТ РЕДУЦИРАНИ ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА ЗА НАДОМЕСТОЦИ ЗА ДЕЖУРСТВА И НОЌЕН ТРУД

Министерството за здравство сите напори континуирано ги насочува кон афирмација и унапредување на статусот и улогата на здравствените работници во општеството. Изминатите три години здравствените работници и здравствените соработници, посветено и со натчовечки напори работеа на браникот на ковид пандемијата, пружајќи помош и борејќи се за здравјето и животот на секој пациент. Министерот за здравство, […]

МИНИСТЕРОТ САЛИ СО ПОЗДРАВНО ОБРАЌАЊЕ НА V СИМПОЗИУМ ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА МАКЕДОНСКОТО ИМПЛАНТОЛОШКО ЗДРУЖЕНИЕ

Министерот д-р Беким Сали ги поздрави присутните на V симпозиум од хуманитарен карактер, во организација на Македонското имплантолошко здружение.   -Како што знаете, и јас доаѓам токму од фелата на стоматолозите, така што ми се познати предизвиците со кои се соочуваат моите колеги и заеднички се стремиме кон целокупно унапредување на стоматолошката дејност. Воедно, наш […]

ПРОДОЛЖУВА НАЦИОНАЛНАТА СКРИНИНГ ПРОГРАМА ЗА РАНО ОТКРИВАЊЕ РАК НА ДОЈКА, СЕ НАБАВУВААТ НОВИ МАМОГРАФИ ЗА ЈЗУ ВО ДРЖАВАТА

Почнувајќи од 1 ноември продолжува националната скрининг програма за рано откривање рак на дојка. Оваа година во програмата се вклучени жени во возрасната група од 45 до 69 години. Мамографскиот скрининг е бесплатен за жените според оваа програма. Ракот на дојка е најчесто малигно заболување кај жените. Со цел навремена дијагностика и рано откривање на […]

МИНИСТЕРОТ САЛИ НА СРЕДБА СО КОМОРИТЕ – ДОГОВОРЕНИ РЕШЕНИЈА ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА ЗДРАВСТВЕНИ УСЛУГИ

Министерот за здравство, д-р Беким Сали одржа работна средба со претставници на Лекарската, Фармацевтската и Стоматолошката комора,  на која беше разговарано за измените и дополнувања на Законот за здравствената заштита во контекст на тековните реформи во примарната здравствена заштита, дополнителната дејност и дополнителната работа на лекарите, фармацевтската дејност и стоматолошката здравствена заштита. На средбата беа […]

МИНИСТЕРОТ САЛИ НА ФОРУМ ВО ТИРАНА ПОСВЕТЕН НА ЗДРАВЈЕТО И ДОБРОСОСТОЈБАТА НА МЛАДИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН

Министерот за здравство, д-р Беким Сали, учествуваше на форумот посветен на здравјето и добросостојбата на младите од земјите од Западен Балкан, што се одржа во Тирана, Албанија, во организација на Регионалната канцеларија на СЗО за Европа и претставништвото на УНФПА, како и младинските организации од државата.  – Пандемијата со Ковид-19 ни покажа дека младите се […]