АКТУЕЛНО

ДЕМИРИ НА СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА ХУМАНИТАРНАТА ОРГАНИЗАЦИЈА „ЕЛ ХИЛАЛ“

Министерот за здравство, д-р Илир Демири, денеска се сретна со претставници на хуманитарната организација „Ел Хилал“, предводени од претседателот на оваа организација Бехиџудин Шехапи. На средбата, се разговараше за можната соработка во јавното здравство со цел подобрување на здравјето на граѓаните и условите во кои работат здравствените работници. Претседателот на „Ел Хилал“ Шехапи му посака […]

ДЕМИРИ: СО СОВРЕМЕНИОТ ЛАПАРОСКОП ЌЕ СЕ ВРШАТ 800 ИНТЕРВЕНЦИИ ГОДИШНО НА ДЕТСКА ХИРУРГИЈА

Министерот за здравство, д-р Илир Демири денеска ја посети Универзитетската клиника за детска хирургија кадешто оствари средба со директорите Славица Литајковска и Елмедин Асани и изрази задоволство од реализираните инвестиции што значат унапредување на здравствената заштита на најмладите пациенти. -Минатата година од сопствени средства на клиниката беше набавен најсовремен лапароскопски апарат во вредност над 12 […]

ОПФАТЕНИ ТРИ ЈАВНИ ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ ВО РАМКИ НА ЈАПОНСКАТА ПРОГРАМА ЗА МАЛИ ГРАНТОВИ

Министерот за здравство д-р Илир Демири и заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева присуствуваа на потпишувањето нови грант-проекти во рамки на Јапонската програма за мали грантови за основни потреби и човечка безбедност, во организација на Амбасадата на Јапонија. -Посебно ме радува што со овие грантови се опфатени три јавни здравствени установи, како што се: […]

МАНОЛЕВА: ЗДРАВСТВЕНИОТ ДОМ ТЕТОВО Е ПОЗИТИВЕН ПРИМЕР ЗА ВЛОЖУВАЊЕ И ПОДОБРУВАЊЕ НА УСЛОВИТЕ ЗА ПАЦИЕНТИТЕ И ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ

Заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева беше во работна посета на Здравствениот дом во Тетово, каде оствари средба со менаџментот и направи обиколка низ установата. -Со инфраструктурното зајакнување се овозможуваат поквалитетни здравствени услуги за пациентите. Со заеднички заложби продолжуваме да го зајакнуваме јавното здравство со опрема, кадар и инфраструктурни проекти. Инвестициите во здравствениот систем […]

ОТВОРЕН ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НАЈДОБРО РЕШЕНИЕ ЗА ПОСТЕР НА ТЕМА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА

Во рамки на проектот за поддршка на системот за трансплантација во Република Северна Македонија, објавени се Повици за професионални дизајнери и за средношколци, кои ќе одлучат да достават свои креативни решенија за брендирање кампања за подигнување на свеста за органодонорство и трансплантацијата. Целта на креативните решенија е да информираат и едуцираат, при тоа доловувајќи ја суштината […]

СРЕДБА ДЕМИРИ-ЈОХАНСЕН: ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ – ПРИОРИТЕТИ НА СЗО И МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО

Министерот за здравство, д-р Илир Демири оствари прва официјална средба со д-р Ане Јохансен, специјална претставничка на СЗО за Северна Македонија и шефица на Канцеларијата на СЗО во Скопје. Демири и Јохансен дискутираа за заедничките приоритети од областа на здравството и за активностите кои ќе се спроведуваат во рамките на двегодишниот договор за соработка меѓу […]

ДЕМИРИ: НОВИ ГРАНТ ПРОЕКТИ ЗА ТРИ ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ ОД ЈАПОНСКА АМБАСАДА

Министерот за здравство д-р Илир Демири и заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева присуствуваа на потпишувањето нови грант-проекти во рамки на јапонската програма за мали грантови за основни потреби и човечка безбедност, во организација на Амбасадата на Јапонија. Директори на три јавно здравствени установи потпишаа договори со јапонската амбасада. -Со особена чест денеска присуствувам […]

ДЕМИРИ ПОСЕТИ ДВЕ ПАЦИЕНТКИ КОИ ПРИМИЈА ТРИКАФТА: БЕЛОДРОБНАТА ФУНКЦИЈА ИМ Е ПОДОБРЕНА, ДОСЕГА 32 ПАЦИЕНТИ ПРИМИЛЕ ЛЕК

Министерот за здравство д-р Илир Демири посети две пациентки со цистична фиброза кои во примија лекот Трикафта на Клиниката за детски болести. „Стефанија (13) и Хатиџе (15) се две млади пациентки со цистична фиброза кои во четвртокот го примија лекот Трикафта. Ме информираа дека сега животот им е поубав. Пет дена по примањето на лекот […]

ВАКЦИНАЦИЈАТА Е НАЈГОЛЕМОТО ДОСТИГНУВАЊЕ НА ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ – РОДИТЕЛИТЕ ДА ПРИСТАПАТ КОН ВАКЦИНАЦИЈА НА СВОИТЕ ДЕЦА

Министерот за здравство д-р Илир Демири за состојбата со големата кашлица потенцираше дека вакцинацијата е најголемото достигнување на здравствениот систем. -Од Центарот за јавно здравје Скопје е прогласена епидемија. Моментално на државно ниво има регистрирано 34 заболени од пертусис. Јас ќе ја искористам оваа можност да се обратам уште еднаш на сите граѓани, особено на […]

ДЕМИРИ: ЦЕНТАРОТ ЗА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА ХЕМАТОПОЕТСКИ МАТИЧНИ КЛЕТКИ ПРЕТСТАВУВА ЕДНА ОД НАЈВАЖНИТЕ ИНВЕСТИЦИИ ВО ЈАВНОТО ЗДРАВСТВО

Министерот за здравство д-р Илир Демири денеска се обрати на свечената академија по повод отворање на Центарот за трансплантација на хематопоетски матични клетки на Универзитетската клиника за хематологија, што пред три недели беше пуштен во употреба. -Голема честа е денес да се обратам на свечената академија по повод отворање на Центарот за трансплантација на хематопоетски […]