МИНИСТЕРСТВО

НА КЛИНИКАТА ЗА ХЕМАТОЛОГИЈА ПРВПАТ ИЗВЕДЕНА АФЕРЕЗА НА ПЕРИФЕРНИ МАТИЧНИ КЛЕТКИ КАЈ ДЕТЕ

Универзитетската Клиника за хематологија, во соработка со Универзитетската Клиника за детски болести, реализира афереза на периферни матични клетки кај 9 годишно дете, ХЛА ДНК идентичен донор на матични клетки за сестра која боледува од акутна леукемија и на која и е потребен третман со трансплантација на матични клетки. Со оваа соработка се отвара можност и […]

НА ОРТОПЕДИЈА ПРИ ТОАРИЛУЦ ПУШТЕНО ВО ФУНКЦИЈА ЦЕЛОСНО ОПРЕМЕНО РЕНОВИРАНО КРИЛО

По цели 70 години реновиран е и пуштен во употреба Блокот А на Клиниката за ортопедија, при ТОАРИЛУЦ. На оваа клиника се лекуваат пациенти со малигни заболувања на коскениот систем, пациенти кои имаат потешкотии по операциите и деца кои се лекуваат од истите болести. Со реновирањето на овој оддел се подобруваат болничките услови на пациентите […]

УСПЕШНО ИЗВРШЕНА РЕПЛАНТАЦИЈА НА КЛИНИКАТА ЗА ПЛАСТИЧНА И РЕКОНСТРУКТИВНА ХИРУРГИЈА

На Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија успешно е направена реплантација на десна подлактица . Оваа комплексна интервенција беше изведена од тим на хирурзи  и анестезиолози: Од Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна  хирургија:Доц.д-р  Софија Пејкова, Д-р Бисера Николовска, Д-р Гордана Георгиева,  Од  Универзитетската  клиника за кардиохиругија: Д-р Мишел Андов, Од Универзитетската клиника за […]

ТЕРЕНСКА ВАКЦИНАЦИЈА ЗА УТРЕ (ВТОРНИК) 20.07.2021

Теренската вакцинација за вторник 20.07.2021 ќе се одвива во следните населени места:   Делчево – Саса1, Саса2   Ресен – Наколец, Штрбово   Штип – Шашаварлија, Кошево, Почивало   Свети Николе – Немањеци, Ранченци   Демир Хисар – Слоештица, Мренога, Вирово   Берово – Владимирово   Струга – Драслајца   Струмица – Добрејци, Просениково   Неготино […]

МЗ:ПРИСТИГНА НАЈСОВРЕМЕНАТА ТЕРАПИЈА ЗА ЛЕКУВАЊЕ ПАЦИЕНТИ СО КОВИД 19

Министерството за здравство информира дека пристигна најсовремениот метод на терапија за пациенти заболени со вирусот Ковид 19, моноклонална „коктел терапија“ со антитела од лековите “CASIRIVIMAB и IMDEVIMAB”,  одобрена за употреба од Европската агенција за лекови (ЕМА).Министерството за здравство по бројни преговори успеа да се приклучи кон Заеднички Договор за Рамковна спогодба на кој ексклузивно право […]

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ТЕРЕНСКА ВАКЦИНАЦИЈА, УТРЕ(ПЕТОК,16.07.21)

Теренската вакцинација утре (петок) 16.07.21 ќе се одвива во следните населени места: Делчево – Косевица, Костин Дол Тетово – Доброште, Нераште Гостивар – Добридол, Неготино, Топлице,Сенакосе,Горјане Ресен – Грнчари, Подмочани Штип – Горачино, Лесковица, Пиперово, Брест Долнени – Бело поле, Новоселани, Заполжани, Вранче, Кутлешево, Средорек Прилеп – Мариово Св. Николе – Горобинци Кратово – Карвак […]

ФИЛИПЧЕ НА СОСТАНОКОТ СО УПРАВНИОТ ОДБОР НА МАТТО, СОРАБОТКАТА СО МАКЕДОНСКО – ТУРСКАТА СТОПАНСКА КОМОРА Е ЗНАЧАЈНА ЗА МАКЕДОНСКИОТ ЗДРАВСТВЕН СИСТЕМ

Министерството за здравство има долгогодишна соработка со Македонско – Турската стопанска комора во Македонија – МАТТО и бележи исклучителна поддршка во унапредување на македонскиот здравствен систем низ годините, а  исклучително во изминатите неколку години. Mинистерот за здравство д-р Венко Филипче, учествуваше на состанок на  управниот одбор на МАТТО. Филипче, им се обрати на присутните и се заблагодари  за помошта и […]

ПОЧНА ПРИЈАВУВАЊЕТО ЗА ВАКЦИНИРАЊЕ НА ДЕЦАТА

Секој родител или стрател кој сака да се векцинира неговото дете ќе треба да го пријави на веб страницата: vakcinacija.mk. Вакцинирањето почнува во петок и после тоа ќе се поделат термините за вакцинирање на децата. Родителите или старателите ќе може да ги регистрираат децата и од петок ќе започне апликацијата на вакцините.  Закажување термин за вакцинација […]

ФИЛИПЧЕ ГО ПОСЕТИ НОВООТВОРЕНИОТ ПУНКТ ЗА ВАКЦИНАЦИЈА ВО ШУТО ОРИЗАРИ

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, денеска го посети вакциналниот пункт во Поликлиниката во Шуто Оризари, и каде граѓаните од оваа општина, од денеска ќе може да се вакцинираат за Ковид 19 без закажан термин. Пунктот за вакцинација во оваа општина почна да работи од денеска, а работното време на истиот ќе биде од понеделник […]

ИНФОРМАЦИИ ЗА ТЕРЕНСКА ВАКЦИНАЦИЈА

Теренската вакцинација започнува денеска во овие населени места во секоја од следните општини: Делчево – Дулица Гостивар – Чегране, Форино, Врапчиште, Тумчевиште Ресен –  Долно Дупени, Љубојно, Брајчино Штип – Три Чешми, Криви Дол, Врсаково, Сарчиево, Судиќ Прилеп – Ропотово, Пешталево, Секирци, Рилево, Браилово, Г.Радобол, М.Радобил, Тројаци, Топлица, Ракле, Никодин, Царевиќ   Свети Николе – Лозово Кратово […]