Новости

УСПЕШНО ИЗВРШЕНА ПЕТТА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА ЦРН ДРОБ

Успешно извршена петта трансплантација на црн дроб, трансплантирани бубрези и земени материјали за коскени ткива. Извршена е и прва баријатриска интервенција на Дигестивна хирургија, со буџет од Фондот. Трансплантацијата на црн дроб и бубрези е извршена непосредно пред трагичниот настан во Кочани. Благодарност до семејствата, кои во најтешките моменти на загуба, покажуваат големина и хуманост, […]

ГО ЦЕНИМЕ ТРУДОТ НА ДОКТОРИТЕ ОД ПРИМАРНА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА – ЗГОЛЕМЕН Е КАПИТАЦИОНИОТ БОД

Капитацијата за матичните општи лекари и гинеколози се зголемува од 75 денари на 100 денари. Капитацијата за матичните стоматолози се зголемува од 61 денар на 75 денари. Ова е значаен чекор напред за примарната здравствена заштита и порака дека го цениме трудот и знаењето на нашите здравствени работници.

ПОГОЛЕМИ ПЛАТИ ЗА СИТЕ ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ

Поголеми плати за сите здравствени работници. Од 1 април со линеарното зголемување, по 2500 денари повисоки приходи за сите вработени во јавниот здравствен сектор. Согласно ноемвриското покачување и ова во април, вкупниот раст на платите сега достигна 4815 денари. Уште повисоки се примањата на медицинските сестри. Со новото покачување тие сега ќе добијат зголемување на […]

ДЕНЕС УШТЕ ДЕВЕТ ПАЦИЕНТИ ЌЕ БИДАТ ПУШТЕНИ НА ДОМАШНО ЛЕКУВАЊЕ, ОД СТРАНСТВО СЕ ВРАЌААТ ОСУМ ПАЦИЕНТИ

По редовниот состанок на кризниот штаб, министерот за здравство д-р Арбен Таравари во изјава за медиумите информираше дека денеска ќе бидат пуштени на домашно лекување девет пациенти од установите во Скопје, а од странство се враќаат осум пациенти. -Во моментот вкупно 24 пациенти се лекуваат во установите во Скопје, од кои 7 во клинички центар, […]

СЕ ЗГОЛЕМУВА БРОЈОТ НА ПАЦИЕНТИ КОИ СЕ ВРАЌААТ ОД СТРАНСТВО

Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари на денешната изјава за медиумите информираше дека денеска уште 5 пациенти ќе се вратат од странство, од кои 4 од Шпанија и еден од Грција, и веќе се зголемува бројот на пациенти кои се подготвени за враќање. -Добра вест е што се намалува бројот на пациенти што се лекуваат […]

ДЕНЕС 12 ПАЦИЕНТИ СЕ ПУШТААТ ДОМА, ИМА ПОНУДИ ОД НЕКОЛКУ ЗАПАДНОЕВРОПСКИ ДРЖАВИ ЗА ПОДОЛГОРОЧНА РЕХАБИЛИТАЦИЈА

По завршување на редовниот состанок на кризниот штаб, министерот за здравство, д-р Арбен Таравари информираше дека денеска се испишуваат 12 пациенти од болниците во Скопје. -Во моментот се вкупно 39 пациенти хоспитализирани во нашите болници, од кои 12 пациенти во Клинички центар, 10 пациенти во Стара градска болница, 10 пациенти во ГОБ „8 Септември“ и […]

ТАРАВАРИ: ДЕНЕСКА СЕ ПУШТААТ 16 ПАЦИЕНТИ НА ДОМАШНО ЛЕКУВАЊЕ, ВО ТЕКОТ НА НЕДЕЛАВА СЕ ОЧЕКУВА 8 ПАЦИЕНТИ ДА БИДАТ ВРАТЕНИ ОД СТРАНСТВО

Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари во денешната изјава за медиумите информираше дека вкупно 16 пациенти кои се лекуваат во државава денеска се испишуваат од болница и се упатуваат на домашно лекување. -Истовремено веќе се подготвуваме за прием на пациенти кои се враќаат од странство. Во моментот се вкупно 115 пациенти надвор од државата. Оваа […]

МЕДИЦИНСКИ ЦЕНТРИ ВО СТРАНСТВО, КАДЕ СЕ ЛЕКУВААТ ПАЦИЕНТИ ОД ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ

МЕДИЦИНСКИ ЦЕНТРИ ВО СТРАНСТВО, КАДЕ СЕ ЛЕКУВААТ ПАЦИЕНТИ ОД ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ (моментална состојба) СРБИЈА  1.Военомедицинска академија ВМА, Белград – „Црнотравска“ 10, 11040 Белград -10 хоспитализирани пациенти 2. Универзитетски клинички центар Србије – „Пастерова“ 2, 11000 Белград –16 хоспитализирани пациенти 3. Универзитетски Клинички центар Ниш – Булевар „Др. Зорана Ђинђића“ 48 – 18108 Ниш – […]

МЗ ГИ ОБЈАВУВА ИМИЊАТА НА ЖРТВИТЕ, СЕ МОЛИМЕ ЗА УПОКОЕНИЕ НА НИВНИТЕ ДУШИ – ЗАМОЛУВАМЕ ДА НЕ СЕ ШПЕКУЛИРА СО НЕВИСТИНИТИ ИНФОРМАЦИИ

Почитувани, Не постои збор со кои можеме да ја искажеме болката и тагата која ја чувствуваме за прерано изгубените животи во трагичниот настан во пожарот во Кочани. Ги објавуваме имињата на жртвите, и замолуваме да не се шпекулира со невистинити информации 1-Алексова Стефанија 2004 2-Џамов Јорданчо 1993 3-Трајчев Иван 2000 4-Ѓоргиев Џоко 2000 5-Коларов Александар […]

ПРОДОЛЖУВА ЛЕКУВАЊЕТО НА ПАЦИЕНТИТЕ ВО ЗЕМЈАВА И ВО СТРАНСТВО

Продолжува лекувањето на пациентите во земјава и во странство Министерството за здравство ја информира јавноста дека медицинските тимови на здравствените установи и денеска се целосно ангажирани во обезбедување соодветна медицинска нега за сите пациенти. На Клиника за пластична хирургија во моментот се хопитализирани – 10 пациенти, На Клиника за токсикологија – 10 На Торакална – […]