Новости

НОВА ОПРЕМА ВО ШТИПСКАТА БОЛНИЦА – ФОКУС НА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА РЕГИОНАЛНИТЕ ЦЕНТРИ

Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари и заменик министерот Јовица Андовски денеска ја посетија Клиничката болница во Штип, каде годинава е обезбедена нова лапароскопска и ендоскопска опрема, како и цисто – уретроскопски сет кој се користи за уролошки процедури. -Од раководството сум информиран дека досега се извршени вкупно 216 процедури со овие апарати, истакна министерот […]

ПРОДОЛЖУВАМЕ СО МОДЕРНИЗАЦИЈА НА ЈЗУ – НОВА МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА ВО КБ БИТОЛА

Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари денеска ја посети Клиничката болница во Битола по повод обезбедена нова медицинска опрема за унапредување на третманот на пациентите. Продолжуваме со процесот на модернизација на јавните здравствени установи. Токму во Клиничката болница во Битола каде денеска сме во посета, годинава е инсталирана нова медицинска опрема, и тоа електрохирушки генератор […]

РАБОТНА СРЕДБА СО ДИРЕКТОРИТЕ НА КЛИНИКИТЕ-ВО ФОКУС ПРОЦЕСОТ НА ИНТЕГРИРАЊЕ НА КЛИНИЧКИОТ ЦЕНТАР

Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари на средбата со директорите на универзитетските клиники разговараше за актуелните состојби и предизвици со кои се соочуваат во секојдневното работење. -Се надевам дека сите ќе дадеме максимум од себе за да ја подобриме состојбата на клиниките. Во нашиот фокус е да го вратиме клиничкиот центар како една установа, со […]

СЕ ОПРЕМУВА ПРВИОТ СОЦИЈАЛЕН КЛУБ ЗА АДОЛЕСЦЕНТИ И ВОЗРАСНИ СО АУТИСТИЧЕН СПЕКТАР

Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со амбасадорот на Република Бугарија, Ангел Ангелов, и градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојковски, денес го посетија објектот, каде ќе биде сместен првиот социјален клуб за адолесценти и возрасни со аутистичен спектар, чија реконструкција е во тек. Проектот се реализира во соработка со Амбасадата на Бугарија. Во […]

ОГЛАС ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ КАНДИДАТИ ЗА ВРШЕЊЕ НА РАБОТИТЕ НА НАЦИОНАЛЕН КООРДИНАТОР ЗА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА И ЗАМЕНИК НА НАЦИОНАЛНИОТ КООРДИНАТОР ЗА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА

Согласно член 55 од Законот за земање и пресадување делови од човечкото тело заради лекување („Службен весник на Република Македонија“ бр. 47/2011, 136/2011, 91/2013, 164/2013, 27/2014, 112/2014, 144/2014, 124/2015, 149/2015, 37/2016 и „Службен весник на Република Северна Македонија “ бр. 236/22), се објавува оглас за национален координатор за трансплантација и заменик на Националниот координатор за […]

КЗБ: ПОЧИТУВАЊЕ НА МЕРКИТЕ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД РЕСПИРАТОРНИ ИНФЕКЦИИ

Комисијата за заразни болести на последниот состанок констатираше дека има зголемување на бројот на позитивни случаи на Ковид 19 во однос од минатата недела и по тој повод ги потсетува граѓаните за почитување на општите мерки за превенција од респираторни инфекции: За потсетување – вакцинацијата е најефикасен начин за заштита од тежок облик на болеста. […]

РЕГИСТАР НА СПЕЦИЈАЛИЗАНТИ ПО МЕДИЦИНА

Апликацијата за изразување на интерес на специјализантите за вработување во ЈЗУ ќе биде активна до 02.09.2024 година. Линк до апликацијата за изразување на интерес на специјализанти

РЕНОВИРАНИ ПРОСТОРИИ НА ИНСТИТУТОТ ЗА РАДИОЛОГИЈА

Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари и заменик министерот Јовица Андовски, денеска ги посетија реновираните простории на Институтот за радиологија, кои се наоѓаат во објектот на Хируршки клиники. -Реновирањето опфаќа обнова на подови, нови врати, прозори, односно комплетна обнова на просториите во објектот на Хируршки клиники. Вкупната инвестиција на Институтот за радиологија изнесува над 6 […]

ЗА ДВA И ПОЛ ЧАСА ВО СКОПЈЕ НАПРАВЕНИ 150 ТЕСТИРАЊА НА ЦРН ДРОБ – ДЕСЕТ ЛИЦА СО ЗНАЦИ НА ЦИРОЗА УПАТЕНИ НА КЛИНИКА ЗА ГАСТРО

За дваипол часа во Скопје направени 150 тестирања на црн дроб, десет лица со знаци на цироза упатени на Клиниката за гастро  Министерството за здравство, во соработка со Клиниката за гастроентерохепатологија и НВО „Хепар Центар-Битола” од денес почна заедничка национална кампања за бесплатен и анонимен скрининг за Хепатитис Б, Ц и ХИВ, како и еластографија […]

ЖИТЕЛИТЕ НА ОПШТИНА ИЛИНДЕН ДО КРАЈ НА ГОДИНАТА ЌЕ ДОБИЈАТ НОВ ЗДРАВСТВЕН ДОМ – ВО ТЕК ГРАДЕЖНИТЕ АКТИВНОСТИ

Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности за изградба на нов здравствен дом. Новиот здравствен дом ќе зафаќа бруто површина од 600м2, ќе биде изграден на два ката и во него ќе има 14 ординации. Покрај основната здравствена […]