РАБОТНА СРЕДБА СО ИЗРАЕЛСКИОТ АМБАСАДОР
Министерот за здравство, д-р Венко Филипче денеска се сретна со амбасадорот на Израел во Република Македонија, Н.Е Дан Орјан. Посебен акцент на средбата беше ставен на можноста за размена на доктори и друг медицински персонал, со цел меѓусебна размена на искуства и воведување нови методи во работата на јавните здравствени установи.