Новости

ПОДИГНУВАЊЕ НА СВЕСНОСТА КАЈ МЛАДАТА ПОПУЛАЦИЈА ЗА ЗНАЧЕЊЕТО НА ПРВАТА ПОМОШ КАКО ЖИВОТОСПАСУВАЧКА ВЕШТИНА

Во соработка со Црвениот крст беа претставени постигнатите резултати од кампањата „Првата помош спасува живот“, спроведена во основни и средни училишта во земјава. -Главна цел на кампањата е подигнување на свесноста кај младата популација за значењето на првата помош како животоспасувачка вештина, со посебен фокус на грижата за сопственото здравје, како и здравјето на другите, […]

НАД ИЛЈАДА ДЕЦА СЕ ВАКЦИНИРАНИ ВО РАМКИ НА ТЕРЕНСКАТА КАМПАЊА НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО

Над илјада деца се вакцинирани за пропуштени рутински вакцини во рамки на заедничката кампања на Министерството за здравство и Светската здравствена организација „Од врата до врата“. Кампањата почна на 24 април 2023 година и се спроведуваше вкупно четири недели, како дел од европската недела на имунизација 2023 година, со финансиска поддршка од ЕУ. Вкупно се […]

ТРЕТ СИМПОЗИУМ НА МАКЕДОНСКОТО НЕВРОЛОШКО ДРУШТВО И ПРВ МЕЃУНАРОДЕН КОНГРЕС НА СЕКЦИЈАТА НА МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ ВО ОВАА ОБЛАСТ

Трет симпозиум на Македонското невролошко друштво и Прв меѓународен конгрес на секцијата на медицинските сестри во оваа област, кој е посветен на новините во третманот и негата на невролошките пациенти. На овој симпозиум присуствуваше и имаше свое обраќање министерот за здравство д-р Фатмир Меџити. – Моите колеги во своите предавања се осврнаa на бројни актуелни […]

НЕМА ИЗЕДНАЧУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ ПОМЕЃУ СТРАНСКИТЕ ДРЖАВЈАНИ И ОСИГУРЕНИТЕ ДРЖАВЈАНИ НА РСМ, ТУКУ ИЗЕДНАЧУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ НА ПРИВАТНИ ЗДРАВСТВЕНИ УСЛУГИ

Во врска со ценовникот за давање на здравствени услуги на странци, Министерството за здравство информира дека до сите универзитетски клиники и институти е доставен допис за усогласување на ценовниците за приватни здравствени услуги на странците со граѓаните на РСМ кои се неосигурани и плаќаат приватно.Потенцираме дека воопшто не станува збор за изедначување на цените помеѓу […]

МАНОЛЕВА ВО ПОСЕТА НА ЈЗУ СПЕЦИЈАЛНА БОЛНИЦА ЗА НЕФРОЛОГИЈА- СТРУГА

Во посета на ЈЗУ Специјализирана болница за нефрологија – Струга беше Заменик Министерката за Здравство на РСМ Д-р Маја Манолева. За време на нејзината посета на болницата беше запознаена со процесот на работа на болницата, со структурата на вработените како и со стручниот лекарски тим. Во текот на посетатата Заменик Министерката Д-р Манолева ги посети […]

МАНОЛЕВА НА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА 31 ГОДИНА ОД ПОСТОЕЊЕТО НА ЛКМ: ЛЕКАРСКАТА КОМОРА Е НАШ ПАРТНЕР ВО УНАПРЕДУВАЊЕТО НА УСЛОВИТЕ ЗА РАБОТА НА ДОКТОРИТЕ, МОТИВАЦИЈА НА КАДАРОТ И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ

По повод 31 година од постоењето на Лекарската комора на Република Северна Македонија на свечениот настан се обрати заменик министерката д-р Маја Манолева пред членовите на органите и телата на Комората и преставниците на државните институции.-Денот на формирањето на Лекарската комора на Република Северна Македонија е особено значаен ден за сите нас кои припаѓаме на […]

ЕЛЕКТРОНСКИ ИЗВОД ОД МАТИЧНАТА КНИГА НА РОДЕНИ – НОВИНА ПРОМОВИРАНА ДЕНЕС ВО РОДИЛИШТЕТО ВО ЧАИР

Малиот Трим, роден во Специјалната болница за гинекологија и акушерство – Чаир е првото новороденче кое доби електронски извод од матичната книга на родени.Оваа новина е промовирана денеска при посетата на министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити на родилиштето во Чаир.На овој начин, се олеснува постапката за издавање извод на родени и се овозможува родителите […]

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРКАТА СЕ ОБРАТИ НА КОНГРЕСОТ НА ПЕДИЈАТРИ

Заменик министерката за здравство, д-р Маја Манолева, се обрати на отворањето на Осмиот конгрес на педијатрите на Република Северна Македонија, во организација на Здружението на педијатри. – Областа на педијатрија и здравствената заштита на најмладите е исклучително значајна тема на која Министерството за здравство посветува посебно внимание. Со цел надополнување на кадарот и долгорочно надминување […]

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ЦЕЛ ПЕДИЈАТРИСКИ ОДДЕЛ ВО БОЛНИЦАТА ВО ГОСТИВАР

Реконструкција на цел педијатриски оддел во болницата во Гостивар. -Со задоволство можам да констатирам дека гостиварската болница претставува успешен пример како може да се подобрат условите за третман со заеднички заложби на болницата и на опшествено одговорни компании, изјави министерот за здравство Меџити при посетата на гостиварската болница. Инвестицијата од над 14 милиони  денари со […]

НА ТОАРИЛУЦ ПРВПАТ СО АСИСТЕНЦИЈА НА РОБОТ Е ИЗВЕДЕНА ОПЕРАЦИЈА НА АРТРОЗА НА КОЛЕНО СО ДЕГЕНЕРАТИВНИ ПРОМЕНИ

Денес на ТОАРИЛУЦ првпат со асистенција на робот беше изведена операција на артроза на колено со дегенеративни промени. -Посебно сум горд на целиот тим кој учествуваше во самата интервенција.Покрај хирурзите се користи асистенција од робот што придонесува во голем процент за успешноста на самата процедура и намалување на можните комплилации. Овој вид интервенција не само […]