Новости

ВОВЕДОВМЕ 6 НОВИ ЛЕКОВИ ЗА ПАЦИЕНТИТЕ СО РЕТКИ БОЛЕСТИ

Министерството за здравство, во изминативе две години направи значајни подобрувања за лицата со ретки болести. Воведени се шест нови лекови, за пациентите со: спинална мускулна атрофија, фамилијарна амилоидна полиневропатија, апластична анемија, ампуларна и таблетарна терапија за пациентите со Гоше и лек за терапија за пациентите со идиопатска белодробна фиброза. Минатата година, за првпат беше воспоставен […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ: ОДЛИЧНО ФУНКЦИОНИРА ПАТРОНАЖНАТА СЛУЖБА ВО КОЧАНИ, ПОСЕТЕНИ ПОВЕЌЕ ОД 1300 ДОМАЌИНСТВА

Мобилниот сервис за здравствени и социјални услуги, кој минатата година почна да се имплементира во општина Кочани ја постигна целта. При денешната посета на министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче во Општата болница со проширена дејност Кочани, изјави дека со овој сервис се зајакнаа интегрираните услуги за нега и заштита на населението од здравствен […]

МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО, Д-Р ВЕНКО ФИЛИПЧЕ: ВО СОРАБОТКА СО ИНСТИТУЦИИТЕ И НЕВЛАДИНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ИЗГОТВИВМЕ НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА РЕТКИ БОЛЕСТИ 2020 – 2030

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче денеска присуствуваше на промоција на Националната стратегија за ретки болести на Република Северна Македонија 2020-2030, која се одржа во канцеларијата на Претседателот на државата, Младихаб. – Оваа Национална Стратегија за ретки болести ја изработивме со Фондот за здравствено осигурување, МАЛМЕД, Министерството за труд и социјална политика, граѓанските организации и […]

ПРИВАТНИТЕ СПЕЦИЈАЛИЗАНТИ – СТОМАТОЛОЗИ ОД КОНКУРСИТЕ 2018 И 2019, КОИ ИЗРАЗУВААТ ИНТЕРЕС ЗА МЕСЕЧЕН ПАРИЧЕН НАДОМЕСТОК ДА ДОСТАВАТ ДОКУМЕНТАЦИЈА ПРЕКУ АРХИВА ВО МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО

Приватните специјализанти – стоматолози од конкурсите 2018 и 2019, кои изразуваат интерес за месечен паричен надоместок да достават документација преку архива во Министерство за здравство. Специјализантите треба да достават: – Пополнет формулар (во прилог) – Потврда од агенција за вработување доколку се невработени или М1/М2 образец доколку се вработени – Копија од решение за специјализација […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ СО ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД СТРУМИЦА: ВЕЌЕ ТРЕТ МЕСЕЦ ЛЕКОВИ ИМА ВО СЕКОЕ ВРЕМЕ, РЕШЕН Е ДЕЦЕНИСКИОТ ПРОБЛЕМ

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче и градоначалникот на општина Струмица Коста Јаневски, денеска остварија средба со Здружението на пензионери од Струмица. Пензионерите се заблагодарија за укинувањето на квотите и достапноста на лековите. Тие потенцираа дека лековите ги земаат во секое време и истакнаа дека повеќе не прават домашни аптеки. На средбата, министерот Филипче […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ: ГО ОТВОРИВМЕ ЧЕТВРТОТО РОСА ШКОЛО ЗА РОДИТЕЛСТВО ВО ЗДРАВСТВЕНИОТ ДОМ ВО СТРУМИЦА

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче денеска присуствуваше на отворањето на четвртото Роса школо за родителство во Здравствениот дом во Струмица.  „Со отворањето на вакви школи во повеќе јавни здравствени установи низ државата, родителите имаат можност да посетуваат бесплатни обуки, со цел да се едуцираат за справување со секојдневните предизвици во родителството. Обезбедуваме експертска […]

СО НОВИОТ ЗАКОН ЗА ПРЕКИНУВАЊЕ НА БРЕМЕНОСТА, ВОЛЈАТА НА ЖЕНАТА ЈА СТАВИВМЕ НА ПРВО МЕСТО

Во месец јуни 2019 година, стапи на сила новиот Закон за прекинување на бременоста, со којшто волјата на жената се стави на прво место. Одлуката за прекинување на бременоста е право на жената и тоа никој не може да и го одземе. Со новиот закон, се укинаа постојните административни процедури-бариери, кои го одложуваа спроведувањето на […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ СО ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ВЕЛЕС: НЕМА ПОВЕЌЕ ДОМАШНИ АПТЕКИ, ЛЕКОВИТЕ СЕ ДОСТАПНИ ВО ТЕКОТ НА ЦЕЛИОТ МЕСЕЦ

Министерот за здравство доц д-р Венко Филипче, денеска оствари средба со Здружението на пензионери во Велес, на која разговараа за мерките и активностите што Министерството за здравство ги спроведува со цел унапредување на здравствениот систем во Република Северна Македонија. „Со укинувањето на квотите на рецепт, пациентите имаат достапни лекови во секое време, на почетокот, на […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ: ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВА МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА ВО ОБ КУМАНОВО

Денеска, министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, беше во посета на Општата болница во Куманово, каде што се пушти во употреба новата медицинска опрема која за потребите на оваа здравствена установа ја обезбеди Министерството за здравство. Станува збор за ендоскопски столб и видео ларингоскоп кои наоѓаат примена во интервенции на повеќе типови заболувања.  -Континуирано […]

ИСПОЛНЕТИ ЕПИДЕМИОЛОШКИТЕ УСЛОВИ ЗА ОДЈАВА НА ЕПИДЕМИЈАТА НА МАЛИ СИПАНИЦИ

Комисијата за заразни болести при Министерство за здравство констатираше дека се исполнети епидемиолошките услови за одјава на епидемијата на мали сипаници на територијата на цела држава, со што престануваат да важат дополнителните мерки за контрола на епидемијата, предложени од комисијата. Овој заклучок е донесен по поминати 45 дена од последниот пријавен лабораториски случај на мали […]