Соопштенија

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ НА ЛЕКОВИТЕ

Почитувани, Во Врска со Одлуката за утврдување на максимална цена на големо на лековите објавена на 15.03.2019 година, Министерството за здравство Ве известува дека од 01.04.2019 година почнуваат да важат новите цени на лековите, како што е дадено во прилог: Решение за формирање на цена на генерички лек Решение за формирање на цена на нерегистрирани лекови […]

ПРОМОВИРАНА МОНОГРАФИЈА „ЈОДЕН И ТИРОИДЕН СТАТУС НА НАСЕЛЕНИЕТО 2018 ГОДИНА“

На Медицинскиот факултет во Скопје денеска се одржа свечената промоција на монографијата „Јоден и тироиден статус на населението 2018 година”.  Министерот за здравство, д-р Венко Филипче упати честитки до проф. д-р Борислав Каранфилски – уредник на монографијата, како и до целиот тим од Медицински факултет – Институт за патофизиологија и нуклеарна медицина, како и колегите […]

ОДБЕЛЕЖАН СВЕТСКИ ДЕН ЗА БОРБА ПРОТИВ ТУБЕРКУЛОЗАТА-КОНТИНУИРАН ПАД НА БРОЈОТ НА ЗАБОЛЕНИ ВО НАШАТА ДРЖАВА

По повод одбележувањето на 24 март-Светски ден за борба против туберкулозата, министерот за здравство, д-р Венко Филипче се обрати на денешниот настан, во организација на Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза и националниот координативен механизам за туберкулоза, со поддршка од Министерството за здравство. -Светскиот ден за борба против туберкулозата го одбележуваме за подигнување на свеста, […]

ЕДУКАТИВНА ОБУКА ЗА СПРАВУВАЊЕ ПРИ КРИЗНИ СОСТОЈБИ И МАСОВНИ КАТАСТРОФИ

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче денеска ја отвори дводневната едукативна обука за Итна медицинска помош и менаџирање на ресурси, која се организира во рамки на потпишаниот Меморандум за соработка на Министерството за здравство со државата Израел и Фондот за иновации и технолошки развој. Обуката опфаќа над 100 учесници, меѓу кои здравствени работници, припадници на […]

ОДЛУКА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА МАКСИМАЛНА ЦЕНА НА ГОЛЕМО НА ЛЕКОВИТЕ

Врз основа на член 108 став 10 од Законот за лековите и медицинските средства („Службен весник на РМ” бр. 106/07, 88/10, 36/11, 53/11, 136/11, 11/12, 147/13, 164/13, 27/14, 43/14, 88/15, 154/15, 228/15, 7/16, 53/16, 83/18, 113/18 и 245/18) и член 12 од Методологијата за начинот на формирање на цените на лековите („Службен весник на РМ” […]

СОБРАНИЕТО ГО ИЗГЛАСА ЗАКОНОТ ЗА ПРЕКИНУВАЊЕ БРЕМЕНОСТ

На денешната собраниска седница е изгласан и донесен Законот за прекинување бременост, со кој се овозможува жената да го оствари правото за безбеден прекин на бременоста и укинување на постојните административни процедури-бариери, кои го одолжуваа спроведувањето на постапката за прекин на бременоста. Одлуката за прекин на бременоста како посебна медицинска интервенција за која треба слободно […]

ОВОЗМОЖЕНИ ДИЈАГНОСТИЧКО-ГЕНЕТСКИ АНАЛИЗИ НА НАСЛЕДНИ БОЛЕСТИ НА СМЕТКА НА ФЗОМ

Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување овозможија анализите за молекуларна дијагностика на наследни болести да бидат опфатени во листата на услуги покриена со средства на ФЗО. Станува збор за седум услуги побарани од Медицинскиот факултет (одделите за патологија, патофиза, имунологија, судска медицина), како и од страна на Фармацевтскиот факултет и МАНУ. -Со оваа […]

МЕЃУНАРОДЕН ЗДРАВСТВЕН ПРАВИЛНИК – ЕФИКАСЕН ИНСТРУМЕНТ ЗА НАВРЕМЕН ЈАВНОЗДРАВСТВЕН ОДГОВОР ПРИ ПРИРОДНИ КАТАСТРОФИ И МЕЃУНАРОДНО ШИРЕЊЕ БОЛЕСТИ

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче денеска се обрати на работилницата на Светската здравствена организација, посветена на процесот на заедничка надворешна евалуација на Меѓународниот здравствен правилник, усвоен од Генералното собрание на СЗО. Со Меѓународниот здравствен правилник земјите членки се обврзуваат да преземат мерки и активности во однос на превенција, контрола и навремен јавноздравствен одговор при […]

КАРИЛ ДОБИ ДВА МОНИТОРА ЗА СЛЕДЕЊЕ ВИТАЛНИ ПАРАМЕТРИ, ДОНАЦИЈА ОД SPORT LIFE

Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување-КАРИЛ, доби донација од Sport Life, која се состои од два монитора за следење витални параметри со два модула за мерење инванзивен притисок, кои се веќе пуштени во употреба. -Голема благодарност до компанијата за оваа донација, која е многу важна за работата на медицинскиот кадар, и донација со која […]

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА СПЕЦИЈАЛНАТА БОЛНИЦА ЗА ОРТОПЕДИЈА И ТРАУМАТОЛОГИЈА „СВ. ЕРАЗМО“ ОХРИД

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, денеска ја посети ЈЗУ Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ Охрид, каде на 21.01.2019 година се почнати градежни активности за реконструкција и дозавршување на делот на оперативниот блок и интензивната нега. Градежните активности течат според планираната динамика и без застој, во моментот 80% од реконструкцијата е […]