Соопштенија

ОТВОРЕНО ПРВОТО РОСА ШКОЛО ЗА РОДИТЕЛСТВО ВО ПОЛИКЛИНИКА „ЈАНЕ САНДАНСКИ“

Министерството за здравство и Пивара Скопје, денеска официјално го отворија првото Роса школо за родителство во Поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје. Тука, идните родителите ќе можат да се едуцираат за одговорно, успешно и позитивно родителство, но и отворат дискусии за емотивно приврзување, градење на карактерот на детето, учење на родителските стилови и ран детски развој. […]

КУМАНОВСКАТА БОЛНИЦА НАСКОРО СО КОМПЛЕТНО НОВ ХИРУРШКИ УРГЕНТЕН ЦЕНТАР

Општата болница Куманово е исклучително позитивен пример на јавна здравствена установа која во соработка со Министерството за здравство и Владата на РМ во континуитет вложува во унапредување на квалитетот на јавното здравство. Комплетно нов објект на хируршкиот Ургентен центар во Куманово, наскоро ќе биде пуштен во употреба. Деновиве се привршуваат градежните зафати, а во Општа […]

НАБАВЕНИ 12 НОВИ АМБУЛАНТНИ ВОЗИЛА, ЗАЈАКНАТА Е ИМП

Министерството за здравство, вчера спроведе електронска аукција и обезбеди 12 возила за Итната медицинска помош (ИМП). На денешната прес-конференција, министерот Доц. д-р Венко Филипче потенцираше дека за оваа набавка, министерството испланира 30 милиони и 500 илјади денари, но по спроведената електронска аукција, постигната е цена во вкупен износ од 18 милиони и 300 илјади денари. […]

МУЛТИДИСЦИПЛИНАРЕН ПРИСТАП ЗА ПОГОЛЕМА БЕЗБЕДНОСТ ВО СООБРАЌАЈОТ

Државниот секретар на Министерството за здравство, д-р Владимир Милошев, ја отвори регионалната работилница на тема „Зајакнување на здравствениот информатички систем во делот на собирање податоци за сообраќајни незгоди“. На оваа работилница присуствувашр и претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), како и претставници од МЗ, МВР, Центрите за јавно здравје, како […]

ПОЛОВИНА МИЛИОН ЕВРА ЈАПОНСКА ПОМОШ ЗА ЈАВНИТЕ ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ ЗА НАБАВКА НА МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА И РЕНОВИРАЊЕ

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, заедно со амбасадорката на Јапонија, Н.Е Кеико Ханеда, и заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи, денеска посетија неколку здравствени установи, каде јапонската влада даде грант за зајакнување на капацитетите со опрема и реконструирање на јавните здравствени установи. Во рамки на посетата, министерот Филипче изрази благодарност […]

ОДБЕЛЕЖАН СВЕТСКИ ДЕН НА ДИЈАБЕТЕСОТ 14 НОЕМВРИ

Министерството за здравство е целосно посветено на обезбедување квалитетен третман на сите пациенти со дијабетес мелитус. Сите лица на инсулинска терапија се соодветно снабдени со инсулин, односно има доволно количини од сите видови инсулин, посочи државниот секретар, д-р Владимир Милошев на денешниот настан по повод Светски ден на дијабетесот 14 ноември, кој годинава се одбележува […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ НА СРЕДБА СО АМБАСАДОРОТ НА ЧЕШКА ВО МАКЕДОНИЈА ТОМАН

Министерот за здравство Доц. д-р Венко Филипче, денеска имаше успешна работна средба со амбасадорот на Чешка во Македонија, Мирослав Томан. На средбата се разговараше за евентуална соработка и размена на искуства на медицинските работници од Чешка и Македонија, обука на македонски медицински кадар во големите Чешки клиники. Министерот Филипче и чешкиот министер за здравство, Адам […]

МАКЕДОНСКОТО ЈАВНО ЗДРАВСТВО НА МАПАТА НА СВЕТСКИ МЕДИЦИНСКИ ЦЕНТРИ ЗА ЛЕКУВАЊЕ НАЈТЕШКИ ЗАБОЛУВАЊА НА КРВТА

– Во текот на минатата недела е извршена првата трансплантација на коскена срцевина од несроден дарител во Македонија, за која досега пациентите беа упатувани во странство. Од денеска, лекувањето на тешки малигни заболувања на крвта се врши по еднакви процедури, како во кој било светски или европски современ центар, таа е веќе редовно достапна за […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ: ВОВЕДУВАМЕ ТРИ НОВИ ТИПОВИ НА ИНСУЛИН, ЕДЕН ОД НИВ НАМЕНЕТ ЗА ДЕЦАТА

Министерот за здравство Доц. д-р Венко Филипче, денеска зборуваше на форумот „Што е потребно за добра контрола на дијабетесот и среќно семејство“, во конференциската сала во Спортскиот Центар „Борис Трајковски“, во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на дијабетес – 14 Ноември, во организација на Асоцијацијата за детски дијабетес на Македонија – Баланс МК. Во […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ: АКТИВНО РАБОТИМЕ ЗА РЕШАВАЊЕ НА СООБРАЌАЈНИОТ ХАОС НА КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР, ЗГОЛЕМЕНИ ПЛАТИТЕ ВО ЗДРАВСТВОТО ЗА 5%

Министерот за здравство Доц. д-р Венко Филипче во вчерашната дебата на 1ТВ посочи дека министерството активно работи на конечно решение на сообраќајниот хаос и паркирањето на Клинички центар, со што ќе се олесни движењето помеѓу кампусот, но и ќе се ослободи улицата Водњанска од сообраќаен метеж. Исто така, беше потенцирано и дека Министерството за здравство […]