Соопштенија

ОДЛУКА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА МАКСИМАЛНА ЦЕНА НА ГОЛЕМО НА ГЕНЕРИЧКИ ЛЕК

СЕ УТВРДУВА максимална цена на лекот на големо, без вклучен ДДВ и тоа за следните генерики на лекови: НАПОМЕНА: Барањата за усогласувања со новите утврдени максимални цени, носителите на одобренијата треба да ги поднесат до архивата на Министерството за здравство најдоцна до 21.03.2018 година

МИРНА СОСТОЈБАТА СО МОРБИЛИ ВО ДРЖАВАТА, ВАКЦИНАЦИЈАТА НАЈДОБРА ПРЕВЕНТИВНА МЕРКА

Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, одржа редовна работна средба, со цел согледување на состојбата со морбили во соседството и во европскиот регион, како и состојбата со морбили во државата. Во Република Македонија во 2018 година досега се регистрирани девет случаи со морбили, од кои само четири се епидемиолошки поврзани. Следејќи ја состојбата […]

РАБОТНА СРЕДБА ЗА ДИНАМИКАТА НА ГРАДБА НА НОВИОТ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче одржа работна средба со министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, и градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.  На средбата се разговараше за динамиката за градење на новиот клинички центар, како и за натамошно унапредување на заедничката соработка меѓу двете институции.

ТРКАЛЕЗНА МАСА ЗА НАЦИОНАЛЕН ПЛАН ЗА ВОНРЕДНИ СОСТОЈБИ ЗА МИГРАЦИЈА

Државниот секретар во Министерството за здравство, д-р Владимир Милошев, денеска учествуваше на тркалезна маса за развивање платформа за сеопфатен национален план за вонредни состојби во областа на миграцијата, во организација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Во рамки на своето обраќање, д-р Милошев потенцираше дека за време на мигрантската криза, здравствениот сектор ги презема сите […]

НОВИОТ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР ЌЕ СЕ ГРАДИ НА ЛОКАЦИЈА ВО БАРДОВЦИ

Новиот Клинички центар ќе се гради на локација во близина на Психијатриската болница во Бардовци, а планирано е таму да бидат сместени и Медицинскиот факултет, соодветен истражувачки центар и кампус за студенти по медицина, соопшти на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче. Според проценките, изградбата треба да почне за година и пол до две, а да трае четири […]

ОДБЕЛЕЖАН СВЕТСКИ ДЕН НА БУБРЕГОТ

Државниот секретар, д-р Владимир Милошев учествуваше на традиционалното одбележување на Светскиот ден на бубрегот, во организација на Здружението на бубрежно болни граѓани „Нефрон“, што годинава се одбележа под мотото „Бубрезите и здравјето на жените“.  -Министерството, секоја година, во рамки на превентивните и куративните програми изготвува посебна Програма за трансплантација, која за годинава изнесува 8 милиони денари. Во […]

СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЧКИ НА ЖЕНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ПО ПОВОД 8 МАРТ

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, денеска по повод одбележување на 8 март – Интернационалниот ден на жените, одржа средба со претставничките на женски организации, како партнер на Министерството во креирање политики за унапредување на здравјето на мајките и новороденчињата.

ИНТЕРСЕКТОРСКИ ПРИСТАП ВО ИМПЛЕМЕНТИРАЊЕ НА ИСТАНБУЛСКАТА КОНВЕНЦИЈА

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, заедно со претседателот на Владата, Зоран Заев, и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, денеска присуствуваа на настан посветен на Истанбулската конвенција за превенција и борба против семејното и насилството врз жената, која Македонија ја ратификуваше на 22 декември 2017-та година. Министерот Филипче во своето обраќање истакна […]

НОВА ОПРЕМА ЗА ДЕТСКА КЛИНИКА СО ПОДДРШКА ОД ГЕРМАНСКА АМБАСАДА И ПРОЕКТ ХОПЕ

Опрема за реанимација со неинвазивна респираторна поддршка, наменета за предвремено родени деца, односно доенчиња кај кои е потребно подобрување на волуменот на белите дробови, доби денеска Универзитетската клиника за детски болести. Станува збор за донација добиена со поддршка од Германската амбасада и проектот Хопе. По повод донацијата, министерот за здравство Венко Филипче и германскиот амбасадор […]

ИНТЕРСЕКТОРСКИ ПРИСТАП ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА ЛЕКУВАЊЕ ЛИЦА СО ЗАВИСНОСТ

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, заедно со министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и постојаната претставничка на Програмата за развој на ОН, Луиза Винтон го посетија здружението на граѓани за советување и лекување, реинтеграција и ресоцијализација на лица зависници од психотропни супстанци „Избор Струмица“. Здружението работи и на развивање социјално претприемништво и […]