Соопштенија

ПОДОБАР И ПОПРЕЦИЗЕН УВИД ВО ТРОШОЦИТЕ И ЈАВНИТЕ НАБАВКИ НА ЈАВНИТЕ ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ

Информираме дека Министерството за здравство, со цел подобар и попрецизен увид во трошоците и јавните набавки на јавните здравствени установи, со допис ги информираше сите ЈЗУ дека за сите јавни набавки предвидени во годишниот план за јавни набавки, а кои се уште не се почнати, потребно е установите да побараат стручно мислење од Министерството за […]

Во Клинички центар „Мајка Тереза“ се поставени нови табли за ориентација

Во Универзитетскиот клинички центар “Мајка Тереза” во Скопје се поставени нови табли за ориентација. Новите табли се поставени на три различни јазици, на македонски, на албански и на англиски јазик. Сега сите граѓани без исклучок ќе имаат полесна ориентација во комплексот клиники.

ПРОВЕРИ ПА СПОДЕЛИ!

Почитувани, сите сме свесни за негативните последици од ширење лажни вести, посебно во областа на здравството. Министерството за здравство апелира да ја проверите веродостојноста на веста пред да ја споделите.

ИЗГОТВУВАЊЕ ПОВЕЌЕГОДИШНА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ВО ОБЛАСТА НА ЗДРАВСТВОТО

Министерот Таравари денеска одржа работна средба со група експерти кои работат на изготвување повеќегодишна Национална стратегија во областа на здравството. Групата ја сочинуваат докажани доктори и професори кои со своето искуство ќе придонесат за стратешко унапредување на здравствениот систем.

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Информираме дека и во следните три дена (од среда до петок) нашата држава ќе биде зафатена со температури од портокалова фаза и продолжуваат да важат препораките на Министерството за здравство – од работни обврски да бидат ослободени бремените жени и лицата над 60 годишна возраст, додека сите останати лица при појава на каков било здравствен […]

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО ПОДГОТВЕНО ЗА УЕФА СУПЕРКУПОТ ВО СКОПЈЕ

Во пресрет на УЕФА СУПЕР КУПОТ – Клиниката за токсикологија обезбеди двојни екипи за дежурање во наредните 48 часа, како и дополнителни екипи на повик. Со цел поуспешна евентуална здравствена помош на гостите, апелираме и потсетуваме за граѓаните на Скопје да ги користат услугите на Ургентниот центар во ГОБ 8 Септември – како најблиска установа […]

ПОДГОТОВКИ ЗА РАТИФИКАЦИЈА НА „ИСТАНБУЛСКАТА КОНВЕНЦИЈА“

Денеска со Министерството за труд и социјална политика и Програмата за развој на Обединетите нации почнавме со подготовки за ратификација на „Истанбулската конвенција“ – Усвојување на подобри политики и пракси за елиминација на насилството врз жените. Проектот, меѓу другото, ќе има за цел и развивање рамка за координиран и стратешки пристап за справување со насилството […]

Проект „Добредојде бебе“

Денеска заедно со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, го промовираме проектот „Добредојде бебе“. Со овој проект, родителите нема веќе да чекаат на шалтери, туку изводот на матични книги ќе го добијат во рок од 48 часа, за време на престојот во породилиштето. Проектот стартува од понеделник (24 јули) во породилиштата во Скопје, додека од […]