Соопштенија

МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО БЕКИМ САЛИ ОСТВАРИ СРЕДБА СО АМБАСАДОРОТ НА ЧЕШКА, ЈАРОСЛАВ ЛУДВА.

Во пријателска и конструктивна атмосфера беше денешната средба на министерот за здравство, Беким Сали со амбасадорот на Чешка, Јарослав Лудва. На средбата стана збор за размена на искуства и предизвиците со кои се соочуваат двете земји во справувањето со пандемијата. Заеднички беше договорено оваа соработка во иднина да продолжи и да се продлабочи, со акцент […]

ДРЖАВНИОТ СЕКРЕТАР НА МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО, Д-Р ЈУСУФ ХАСАНИ УЧЕСТВУВАШЕ НА 5-ТА КОНФЕРЕНЦИЈА ПО ПОВОД „ЕВРОПСКИОТ ДЕН НА ЛОГОПЕДИТЕ“

Денес, по повод „Европскиот ден на логопедите“, државниот секретар на Министерство за здравство, д-р Јусуф Хасани учествуваше на 5-та конференција на тема „Третман на говорот и јазикот во животниот циклус“ во организација на Здружението на логопеди Северна Македонија.Во рамки на овој настан, од страна на Здружението на логопеди му беше врачена благодарница на државниот секретар […]

МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО БЕКИМ САЛИ ОСТВАРИ КОНСТРУКТИВНА СРЕДБА СО АТАШЕ ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛА НА Р. АВСТРИЈА ВО НАШАТА ДРЖАВА, ХАРАЛД ФУГЕР

Министерот за здравство, Беким Сали оствари конструктивна средба со аташе за труд и социјала на Р. Австрија во нашата држава, Харалд Фугер. На средбата разговараа за важноста и бенефитите од имунизацијата, како и за активностите во овој сегмент кои се во тек. Оваа средба е во насока на размена на искуства, кои се драгоцени особено […]

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО ПРИСУСТВУВАШЕ ВО ХОСПИС ЦЕНТАРОТ „СЈУ РАЈДЕР“ ВО БИТОЛА

Во хоспис центарот Сју Рајдер во Битола, кој е дел од Специјалната болница за геријатриска и палијативна медицина ,,13 ноември” Скопје, беше свечено отворен интернистички кабинет со дневна болница, кој покрај здравствената грижа за хоспитализираните пациенти ќе нуди и здравствени услуги за останатите пациенти со закажување прегледи преку системот ,МојТермин. На присутните вработени и гости […]

МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО БЕКИМ САЛИ ОДРЖА ОНЛАЈН СРЕДБА СО ИТАЛИЈАНСКИОТ АМБАСАДОР АНДРЕА СИЛВЕСТРИ

Министерот за здравство, Беким Сали заедно со италијанскиот амбасадор, Андреа Силвестри, одржа онлајн средба со плодна дискусија и размена на искуства за борбата против Ковид-19. На оваа средба свои стручни мислења разменија претставници од италијанскиот Институт за здравје и Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство. Посебно значајна за нашиот здравствен систем е оваа […]

ДЕНЕШНИОТ НАСТАН ЗА ДЕНОТ НА РЕТКИ БОЛЕСТИ

„Остануваме посветени во грижата за лицата со ретки болести и нашата заложба е да бидеме отворени за соработка со Националната алијанса и со здруженијата од оваа област и заеднички работиме и вложуваме во поквалитетен третман на ретките болести“ – посочи министерот Беким Сали на денешниот настан по повод одбележување на Денот на ретки болести – […]

СРЕДБА СО ЕВРОАМБАСАДОРОТ ДЕЈВИД ГИР И ПРЕТСТАВНИЦИ ОД ДЕЛЕГАЦИЈАТА НА ЕУ.

Активности за унапредување на опфатот со вакцинација против Ковид-19, покана за пристап во Програмата EU4Health, како и усогласување на законодавството во однос на законите за лекови, дроги, трансплантација, контрола на производи од тутун, беа дел од темите на денешната средба на министерот за здравство, Беким Сали со евроамбасадорот Дејвид Гир и претставници од Делегацијата на […]

СРЕДБА НА МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО, БЕКИМ САЛИ И ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ, ВЛАДИМИР РЕНДЕВСКИ СО ПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ НА ЛЕКАРСКАТА И СТОМАТОЛОШКАТА КОМОРА

На денешната средба на министерот за здравство, Беким Сали и заменик министерот, Владимир Рендевски со претседателите на Лекарската и Стоматолошката комора, претставници на Здруженијата на примарните матични лекари, примарните стоматолози и гинеколози од примарната здравствена заштита, како и стручните лица од ФЗОМ се дефинираше начинот на којшто понатаму ќе се одвива техничкиот дијалог. На средбата, […]

МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО, БЕКИМ САЛИ ДЕНЕСКА НА СРЕДБА ЈА ПРИМИ АМБАСАДОРКАТА НА СОЕДИНЕТИТЕ АМЕРИКАНСКИ ДРЖАВИ, НЕЈЗИНАТА ЕКСЕЛЕНЦИЈА, КЕЈТ БРНЗ.

Министерот за здравство, Беким Сали денеска на средба ја прими амбасадорката на Соединетите Американски Држави, нејзината екселенција, Кејт Брнз.Министерот Сали и се заблагодари на амбасадорката за поддршката што САД континуирано и ја даваат на нашата земја во здравствениот сектор.На средбата се разговараше и за дигитализацијата на здравството, за што се заинтересирани и нашите американски пријатели.Пандемијата, […]

МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО, БЕКИМ САЛИ, ЗАЕДНО СО РОСАНА ДУЏАК, ПОСТОЈАН КООРДИНАТОР НА ОН И ПРЕТСТАВНИЦИ НА АГЕНЦИИТЕ НА ОН – УНФПА, СЗО И УНИЦЕФ ЈА ПОСЕТИЈА МОБИЛНАТА ГИНЕКОЛОШКА АМБУЛАНТА ВО ЧЕШИНОВО – ОБЛЕШЕВО.

Министерот за здравство, Беким Сали, заедно со Росана Дуџак, постојан координатор на ОН и претставници на агенциите на ОН – УНФПА, СЗО и УНИЦЕФ ја посетија мобилната гинеколошка амбуланта во Чешиново – Облешево. Жените имаат можност во мобилната амбуланта да направат ПАП тест и да добијат стручни совети од областа на сексуално и репродуктивно здравје […]