Соопштенија

ИСТРАЖУВАЊЕ НА МЗ ЗА ЕФИКАСНОСТА НА ВАКЦИНИТЕ ЗА КОВИД 19 ВРЗ ПОПУЛАЦИЈАТА ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – ОД 16.691 ХОСПИТАЛИЗАЦИИ, 1.114 СЕ РЕГИСТРИРАНИ ПО ВАКЦИНАЦИЈА

Вакцините против КОВИД-19 се високоефективни и во македонската популација во спречување тешка болест и смрт. Вакцините од различните производители немаа големи разлики во нивната ефективност во спречување смрт од КОВИД-19, но имаа разлики во спречување хоспитализација. Една доза вакцина против КОВИД-19 е недоволна за спречување тешки исходи од болеста и ја истакнува важноста да се […]

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ СВЕТСКИ ДЕН ЗА БОРБА ПРОТИВ НА СИДА – ОД ИСКЛУЧИТЕЛНА ВАЖНОСТ УСПЕШНОТО ПАРТНЕРСТВОТО МЕЃУ ВЛАДАТА И ГРАЃАНСКИОТ СЕКТОР

Од исклучителна важност е успешното партнерството меѓу Владата и граѓанскиот сектор во справувањето со еден комплексен проблем како што е ХИВ. Направивме предлог-измени на Законот за здравствена заштита, за активно учество на граѓанскиот сектор во превенција на ХИВ. Буџетот на Програмата за ХИВ за 2022 година ќе се зголеми од 87,7 на 125 милиони денари. […]

ПУШТЕНИ ВО УПОТРЕБА РЕКОНСТРУИРАНИ САЛИ ЗА КЛИНИЧКА И ПРАКТИЧНА НАСТАВА, ОПРЕМЕНИ СО НАЈСОВРЕМЕНА СТОМАТОЛОШКА ОПРЕМА

Младите лекари се нашиот фокус и правиме сѐ за подобрување на нивниот статус, квалитетот на едукација како и условите во кои работат. Во функција на наставната, научната и применувачката дејност на Стоматолошкиот факултет, пуштени се во употреба реконстуирани сали за клиничка и практична настава, опремени со најсовремена стоматолошка опрема. На состанокот со деканот на Стоматолошкиот […]

НЕВАКЦИНИРАНИ 69% ОД НОВИТЕ СЛУЧАИ СО КОВИД-19 – ОД 468 ХОСПИТАЛИЗИРАНИ, 377 СЕ НЕВАКЦИНИРАНИ

Министерството за здравство ја објавува анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид 19, во период од 6 август заклучно со 25 ноември 2021 година. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање втора доза вакцина. Во период од 06.08 до 25.11.2021 на територија на […]

ВКУПНО АПЛИЦИРАНИ 1.694.373 ДОЗИ ВАКЦИНИ, РЕВАКЦИНИРАНИ 47% ОД ПОЛНОЛЕТНИТЕ ГРАЃАНИ ВО ДРЖАВАТА

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 4.434 дози вакцини, од кои 1.268 се аплицирани како прва доза, 1.021 се ревакцинирани, а 2.145 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 26 ноември вкупно се вакцинирани 828.770 граѓани, ревакцинирани се 794.666 а трета доза примиле 70.937 граѓани. 57% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а […]

ФИЛИПЧЕ, КОРНХАУЗЕР, ЃОРГИЕВСКА – ДОНАЦИЈА НА 200.070 ВАКЦИНИ ОД ПОЛСКА ЗА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Министерот за здравство Венко Филипче заедно со првата дама на Република Полска, Агата Корнхаузер-Дуда и првата дама на Република Северна Македонија, Елизабета Ѓоргиевска го посети Институтот за трансфузиона медицина, кадешто се складирани 200.070 вакцини од производителот „Фајзер/Бионтек“ кои Република Полска ги донираше на Република Северна Македонија. -Во последните месеци живееме во натпросечно тешка ситуација предизвикана […]

НЕВАКЦИНИРАНИ СЕ 69% ОД НОВИТЕ СЛУЧАИ И 80% ОД ПОЧИНАТИТЕ СО КОВИД-19

Министерството за здравство ја објавува анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид 19, во период од 6 август заклучно со 18 ноември 2021 година. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање втора доза вакцина. Во период од 06.08 до 18.11.2021 на територија на […]

ВКУПНО АПЛИЦИРАНИ 1.666.261 ДОЗИ ВАКЦИНИ, РЕВАКЦИНИРАНИ 48% ОД ПОЛНОЛЕТНИТЕ ГРАЃАНИ ВО ДРЖАВАТА

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 4.037 дози вакцини, од кои 1.581 се аплицирани како прва доза, 853 се ревакцинирани, а 1.603 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 17 ноември вкупно се вакцинирани 818.689 граѓани, ревакцинирани се 787.837, а трета доза примиле 59.735 граѓани. Ревакцинирани се 57% од граѓаните над 40 годишна […]

НОВИ ПРЕДЛОГ МЕРКИ ЗА НЕВАКЦИНИРАНИТЕ ВРАБОТЕНИ ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР И ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ

На денешниот состанок на Комисијата за заразни болести беше донесена одлука за нови мерки, која ќе биде предложена до Владата на Република Северна Македонија. Министерот за здравство д-р Венко Филипче на денешната прес-конференција изјави дека оваа одлука е донесена со консензус од сите членови на Комисијата, а врз основа на епидемиолошката состојба и со цел […]

ФИЛИПЧЕ: ОД 26% НА 8% НАМАЛЕНА СМРТНОСТА НА ПРЕДВРЕМЕ РОДЕНИТЕ БЕБИЊА

Една од главните заложби на Министерството за здравство во изминатите години беше унапредување на условите, вложување во модерна опрема и обуки на Клиниката за гинекологија и акушерство. Со задоволство може да констатираме дека оваа заложба ја претворивме во ефикасна стратегија која за само пет години даде фантастични резултати, ги унапреди условите за родилките и обезбеди […]