Соопштенија

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ: ОД УТРЕ ФУНКЦИОНИРА МИКРОБИОЛОШКАТА ЛАБОРАТОРИЈА ВО БОЛНИЦАТА „8 СЕПТЕМВРИ“

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче и директорот на Градската општа болница „8 Септември“ Христиан Костов, денеска ја промовираа микробиолошката лабораторија, која од утре ќе биде пуштена во употреба и достапна за македонските осигуреници. „Од утре ќе биде во функција новата микробиолошка лабораторија, со што ќе може да се употребува за анализа на податоци. […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ: РЕКОНСТРУИРАВМЕ ПОВЕЌЕ ОД 10 ЈАВНО-ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ НИЗ ЦЕЛАТА ДРЖАВА

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче изјави дека она што е зацртано на почетокот на мандатот, во голема мера е реализирано. Една од главните цели беа капиталните инвестиции и реконструкциите. „Една од главните цели беа капиталните инвестиции и реконструкциите. Така, годинава, целосно се реконструираа Одделението за интензивна нега на Клиниката за неврохирургија, Клиниката за […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ ГИ ПОСЕТИ ДЕЧИЊАТА КОИ СЕ ЛЕКУВААТ НА ХЕМАТО-ОНКОЛОШКОТО ОДДЕЛЕНИЕ И ИМ ПОДАРИ НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, попладнево ги посети дечињата кои се лекуваат на хемато-онколошкото одделение на Клиниката за детски болести и им подари новогодишни пакетчиња. Наместо чоколади кои во моментов не е препорачливо да ги консумираат, предновогодишните пакетчиња им беа спакувани со содржина на боенки, сликовници, фломастери и мрсни боички како донација од […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ: ОПШТАТА БОЛНИЦА ВО КУМАНОВО ДОБИ ТРИ НОВИ АПАРАТИ

Општата болница во Куманово покрај неколкуте новитети кои беа спроведени изминатиот период, денеска доби уште три нови апарати преку реактивација на проектот кој ќе се работи со организацијата „Проект Хоуп“.  Министерот Филипче истакна дека првиот апарат, кој денеска се донира е гинеколошки кревет за испитување, кој е предвиден да се користи во просторијата за брза […]

ПЛАТИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО ЗДРАВСТВОТО ВО ДВА НАВРАТА СЕ ЗГОЛЕМЕНИ ЗА 5%, ОДНОСНО КУМУЛАТИВНО ЗА 10%

Администрацијата и помошно-техничкиот персонал во здравствениот сектор се дел од целокупната јавна администрација. Министерство за здравство иницираше состаноци за проверка на можноста за изземање на здравствената администрација од останатата за што досега се остварени неколку средби, но потенцираме дека за ова се потребни законски измени. Разговорите на оваа тема продолжуваат и следната година, но до […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ: ЗА ДВЕ ГОДИНИ РЕАЛИЗИРАНИ НАД 30 ПРОЕКТИ ВО БОЛНИЦАТА ВО КАВАДАРЦИ – РЕНОВИРАНО ДЕТСКО ОДДЕЛЕНИЕ, НОВ УРГЕНТЕН ЦЕНТАР И СОВРЕМЕНА ОПРЕМА ЗА ИНТЕРНОТО ОДДЕЛЕНИЕ

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче денеска ја посети Општата болница со проширена дејност Кавадарци. -Во изминативе две години се спроведени повеќе од 30-тина проекти во оваа установа, со што е значително зголемено нивото на здравствена заштита на нашите пациенти и воедно е остварена примарната цел за приближување на медицината до крајните корисници. Извршено е […]

ДИРЕКТОРОТ ВАСЕВ: НАБАВЕНИ НОВИ 30 БИОЛОШКИ ЛЕКОВИ И ПСИХОЛОШКА ПОДДРШКА ЗА ОНКОЛОШКИТЕ ПАЦИЕНТИ

Директорот на Универзитетската Клиника за радиотерапија и онкологија д-р Нино Васев, утрово гостуваше во утринската емисија телевизија Сител, каде разговараше за набавените нови 30 биолошки лекови и психолошката поддршка за онколошките пациенти.   „Оваа година ја завршуваме оптимистички, веќе пет месеци имаме нови биолошки терапии за 30 видови на лекови, што е еден наш голем […]

ПУШТЕНИ ВО УПОТРЕБА ДВА НОВИ АПАРАТИ НА КЛИНИКАТА ЗА ОЧНИ БОЛЕСТИ

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче денеска ја посети Универзитетската клиника за очни болести по повод ставање во функција два нови апарати, Рет кам фото-камера за рана детекција на ретинопатија кај предвремено родените деца и ангиограф за детекција на промените во крвните садови кај одредени болести како што е глаукомот. Станува збор за прва […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ ДОБИ ПРИЗНАНИЕ ОД ЗДРУЖЕНИЕТО БОРКА ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА ЖИВОТ НА ПАЦИЕНТИТЕ СО МАЛИГНИ ЗАБОЛУВАЊА

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, денеска присуствуваше на годишниот завршен состанок на членовите на извршниот одбор и собранието на БОРКА, во просториите на Здружението за борба против рак „БОРКА за секој нов ден“. На оваа средба, на министерот Филипче му беше врачена благодарница за несебичното залагање и поддршка во реализација на активностите и […]

БУЏЕТОТ ЗА РЕТКИТЕ БОЛЕСТИ Е ДУПЛИРАН, ВО 2020 ПРЕДВИДЕНО Е ДА ИЗНЕСУВА 527 МИЛИОНИ ДЕНАРИ, ВО 2017 ИЗНЕСУВАЛ 213 МИЛИОНИ ДЕНАРИ

Министерството за здравство води вистинска грижа за пациентите со ретки болести. Покрај воведувањето на новите лекови и овозможувањето на потребната терапија за пациентите, воспоставувањето на електронски регистар за оваа група на пациенти, исто така во континуитет се зголемува и буџетот за ретките болести. Во 2020 година, предлог-буџетот за ретките болести е дуплиран и предвидено е […]