Во рамките на Семинарот за традиционална кинеска медицина (ТКМ) за здравствени работници во Таијан Кина, претставници на Министерството за здравство имаа средба со У Јим, директор на здравствената комисија од Шанкси провинцијата, воедно и член на Националната комисија за здравство на Народна Република Кина.
На средбата беше истакната досегашната успешна соработка помеѓу двете земји, но и идните проекти за соработка во здравството на полето на едукацијата, здравствениот персонал во делот на ТКМ на универзитети во Кина и престој на експерти/еминентни професори по ТКМ во Република Северна Македонија. Исто така беше истакната можноста за едукација на наши лекари по други специјалности од медицината на Универзитетски клиники, но и можноста за развивање на проекти за подобрување на условите во здравствените установи ширум земјата.