ДЕМАНТ ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО

Во врска со објавените наводи во дел од медиумите дека не е пријавена имотната состојба на министерот за здравство до Државната комисија за спречување корупција, информираме дека министерот за здравство, д-р Венко Филипче во целост го има запазено рокот за пријавување на имотот, односно поднесена е пријава на 25.01.2018, во рамки на законскиот рок и за тоа поседува писмен доказ – потврда за прием на пратка и фискална сметка за доставена пратка до ДКСК, со датум наведен согласно законските рокови.

Во прилог фотографија од фискалната сметка и доставницата. 

Сподели на:

Related Posts