ДЕЖУРНИТЕ ПУНКТОВИ ВО СКОПЈЕ ВО СЛУЖБА НА ГРАЃАНИТЕ

Министерството за здравство ги информира граѓаните дека на подрачјето на град Скопје редовно функционираат осум дежурни пунктови во служба на сите пациенти, кои имаат потреба од здравствена услуга во ноќните часови.
Апелираме сите пациенти, вклучувајќи ги и најмладите пациенти, доколку имаат потреба најпрво да се обратат до дежурните пунктови во поликлиниките на подрачјето на Скопје, а доколку стручните служби проценат дека има потреба, најмладите пациенти се упатуваат на Универзитетската клиника за детски болести.

Потсетуваме дека функционираат вкупно осум дежурни пунктови во следните поликлиники: Ѓорче Петров, Чаир, Бит Пазар, Ченто, Шуто Оризари, Драчево, Јане Сандански и Идадија. Дежурните пунктови се соодветно територијално распределени, со цел да бидат покриени сите делови на подрачјето на градот Скопје.

Сподели на:

Related Posts