ФИЛИПЧЕ: БОЛНИЦИТЕ СЕ ВО ФАЗА НА МОБИЛИЗАЦИЈА, НИТУ ЕДЕН ПАЦИЕНТИ НЕ БИЛ И НЕМА ДА БИДЕ ВРАТЕН

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче во вчерашното гостување во вестите на телевизија Сител потенцираше дека ако евентуално мерките не даваат резултати се размислува за целосно затворање на угостителските објекти неколку часови порано од тоа што е сега или целосно затворање на објектите каде што се одржуваат културни настани.
„Тоа се дел од мерките на коишто размислуваме. Не станува збор за бројката на детектирани случаи, станува збор за тоа на што најмногу се посветуваме, капацитетите на болниците. Со која динамика се исполнуваат болничките капацитети, дали може да се постигне лекарите, медицинските сестри коишто даваат здравствена услуга во скопските клиники болници и во болниците во државата. Тоа е нешто што ние го следиме со која динамика се исполнува. Има сосем доволен број на кревети, ние нема да дозволиме да се случи пациент да не може да биде примен во болница заради тоа што нема кревет. Тоа е едно сценарио коешто го разработувавме сите овие изминати месеци. Огромен број на кревети неколку пати повеќе од тие кои се сега на располагање ширум државата во болниците со заземање на други одделенија освен инфективните се на располагање. Меѓутоа не е целта целосно да се исполнат и затоа следиме каков резултат ќе имаат овие мерки коишто значајно очекуваме да ја намалат трансмисијата на вирусот и ги споменав кои мерки би ги вовеле и во следните денови. Секојдневно ја следиме состојбата“, рече Филипче.
Тој информираше дека нема пациент којшто е вратен во ниту една болничка установа, во државата и на клиниките.
„Можно е да има подолго чекање ако има гужва на пациентите затоа ние оспособуваме сега екстра болнички капацитети и во клиничкиот центар и во болницата „8 Септември“ и ширум сите во градовите ширум земјата, во сите инфективни и интернистички одделенија. Практично целите болници се сега во фаза на мобилизација и ги лечат ковид пациентите. Се сместуваат се повеќе и на други одделенија заради тоа што инфективните се веќе преполнети. Значи ниту еден пациент не бил вратен од болница ако навистина им индикација за болничко лекување“, изјави Филипче.

Сподели на:

Related Posts