Благодарение на проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор воспоставен со Светска банка, целосно нова инфраструктура ќе се имплементира во повеќе здравствени институции во градовите низ државата. Ова е од големо значење во однос на напредување на инфраструктурата на јавноздравствените установи.
-Поддршката којашто Светската банка ја манифестираше во изминатата година и благодарение на која се менаџираше ковид кризата значи многу за здравствениот систем. Светска банка е партнер на кој можеме да сметаме за зајакнување на главните сегменти во здравството и искрено верувам дека ова партнерство и соработка ќе продолжи и понатаму. Во изминатиот период успеавме да го зголемиме болничкиот капацитет и значајно да се зголемат инвестициите во делот на инфраструктурата, опремата, како и бонусите за кадарот, посочи министерот Филипче..