Се наоѓаме во екот на третиот бран од почеток на пандемијата – бележиме раст од нешто повеќе од 5.000 активни случаи во последниот месец, 1.100 хоспитализирани пациенти низ државата.
Подготвени сме за прилагодување на капацитетите и отворање нови, согласно планот за менаџирање на болничките капацитети кој е одамна утврден за овие услови.
Комисијата за заразни болести одлучи дека мерката за полициски час треба да остане иста се додека да го даде потребниот резултат – за евентуално заострување на мерките ќе се дискутира на почеток на следната недела.
Донесена е одлука да се разреши директорот на струшката болница, случајот со родилката од Дебар дополнително ќе го анализира комисија во состав од пет члена – директорите на клиниките за урологија, КАРИЛ, ГАК, директорката на ДСЗИ и тие ќе треба да направат анализа на случајот.
Успешно тече вакцинацијата на здравствените работници и заклучно со вчера се вакцинирани 5.300 вакцинирани здравствени работници и преку 130 илјади пријавени граѓани за вакцинација.
Во следните недели очекуваме да пристигнат 100.800 вакцини преку Ковакс системот од Астра Зенека – сѐ уште го очекуваме датумот за испорака.
Сите вакцини за кои ќе биде утврдено дека треба и може да се аплицираат кај нас ќе бидат целосно безбедни и проверени од меѓународните институции и граѓаните може со целосна доверба да се вакцинираат.