ФИЛИПЧЕ: ЖЕНАТА Е НА ПРВО МЕСТО ВО ОПШТЕСТВОТО, СЕ ГРИЖИМЕ ЗА СЕКОЈА МАЈКА И СОПРУГА

Жената е на прво место во општеството, го почитуваме нејзиното право и интегритет – се грижиме за секоја мајка, сопруга, жена.

♀️Со новиот закон за прекинување на бременоста ги укинавме сите административни бариери кои ја одложуваа постапката за прекин на бременоста.

♀️Започнувајќи од 2019 година во континуитет е достапна најсовремена биолошка терапија за сите жени со рак на дојка. Услугата за овие пациенти вклучува и психолошка поддршка која им служи како алатка за поддршка при лекувањето.

♀️Во текот на целата пандемијата непречено се спроведуваа мамографските скрининзи.

♀️Во 2018 година започнаа со работа 3 центри за упатување на жртви од сексуално насилство во Скопје, Куманово и Тетово со поддршка од УНДП и УНФПА во соработка со ХЕРА. Преку нив, обезбедивме поддршка и заштита за жртвите од родово насилство.

Сподели на:

Related Posts