Делегација од Министерството за здравство, денеска е на работна средба во Солун, Грција на која се зборува за почеток на имплементација на проект за меѓугранична соработка на Република Македонија и Република Грција, во рамки на ИПА фондовите за прекуграничната соработка. На средбата присуствуваат и претставници од Општа болница во Гевгелија и Клиничката болница од Битола кои се партнери со Општата болница од Пела.
/**
*/