ИНФОРМАЦИЈА ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО

За првпат, Министерството за здравство од оваа година обезбеди средства за вложениот труд на приватните специјализанти.

Министерството за здравство информира дека обезбеден е Буџет за исплата на стоматолозите специјализанти и средствата се префрлени на Универзитетската клиника за стоматологија.

Процедурата за согласноста за вработување со договор на дело, преку кој ќе се исплаќаат приватните специјализанти е завршена во Министерството за здравство и во законски определениот рок, Министерството за финансии ги одобри согласностите.

Приватните специјализанти по стоматологија ќе бидат целосно исплатени ретроградно за нивниот вложен труд.

Напоменуваме, за приватните специјализанти предвиден е буџет и за наредната 2019 година, односно ќе бидат исплаќани и следната година.

Сподели на:

Related Posts