КЛИНИКИТЕ СО ЕКСТРА БОЛНИЧКИ КАПАЦИТЕТИ ЗА ЛЕКУВАЊЕ КОВИД, РЕДОВНИТЕ ПРЕГЛЕДИ И ИНТЕРВЕНЦИИ ПРОДОЛЖУВААТ

Сите интерни клиники во рамки на Клинички центар се подготвени да примаат ковид пациенти и нема да запрат со нормалната работа, односно со интервенциите на дневна основа.

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче имаше средба со директорите на клиниките, обезбедени се 150 болнички легла и кадарот е подготвен да работи со ковид пациенти, но нема да изостане и тековната работа со третман на пациенти на дневна основа кои не се ковид .

Згрижувањето на ковид пациенти ќе биде под посебни протоколи, направена е поделба на црвени и зелени зони, односно оделени се деловите каде ќе се хоспитализираат ковид пациенти, од деловите за пациентите кои ќе имаат потреба од редовни прегледи или интервенции.

Институтот за белодробни заболувања веќе има ковид пациенти, а на располагање се ставаат и останатите интерни клиники.Клинички центар е во мобилизација и никој нема да остане без здравствена нега. Освен болнички кревети, кадарот е подготвен да работи со ковид пациенти, веќе е направен системот на ротација на лекари и медицински пероснал, како и распоред за дежурства како би се покриле и тековните интервенции и амбулантни прегледи со пациентите кои имаат потреба од здравствена нега на некоја од Клиниките.

Дополнително околу 180 специјализанти од внатрешноста и Скопје се враќаат во матичните клиники со што ќе се направи реорганизација на работата и ротации на персоналот, со цел пациентите да ја добијат соодветната грижа.

Сподели на:

Related Posts