КОМПЛЕТНО РЕНОВИРАНИ ДВА ОДДЕЛА НА КЛИНИКАТА ЗА ТОКСИКОЛОГИЈА – ИНВЕСТИЦИЈА ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА УСЛОВИТЕ ЗА ТРЕТМАН НА ПАЦИЕНТИТЕ

Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити, заедно со заменик министерката, д-р Маја Манолева,  денеска ја посетија Универзитетската клиника за токсикологија, каде се комплетно реновирани одделите за токсикологија и детоксикација. Инвестицијата е во вредност од 9.5 милиони денари.

Станува збор за комплетно реновирање на болничките соби, опремување со нови кревети и мебел, 24-часовен централен надзор и мониторинг на сите витални параметри на сите хоспитализирани пациенти,  како и комплетно реновирање на сите тоалети на овој кат. Оваа инвестиција значи унапредување на условите за третман и успешно лекување на пациентите.  

Во претстојниот период е предвидено да се реновира и приземниот амбулантски простор, со што ќе се заокружи реновирањето на комплетниот амбулантско-стационарен дел на клиниката, а предвидена е и нова токсиколошка лабораторија, што ќе значи третман на акутните интоксикации по најсовремените светски протоколи.

https://www.facebook.com/zdravstvomk/videos/932896821465648

Сподели на:

Related Posts