МЕЏИТИ-ГИР: ПОМОШТА ОД ЕУ ВАЖНА ЗА ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ

Приоритетите и визијата за имплементација на идни проекти во областа на здравството беа во фокусот на денешната средба на министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити со амбасадорот на Европската Унија во Република Северна Македонија, Дејвид Гир. Министерот Меџити изрази голема благодарност за досегашната соработка и континуираната поддршка од ЕУ во справувањето со КОВИД. Целокупната поддршка преточена во проекти ќе придонесе за унапредување на здравствениот систем и следење на европските трендови во третманот на пациентите.

Сподели на:

Related Posts