КЗБ ПРЕДЛОЖИ ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС И МЕРКИТЕ ДА ОСТАНАТ ДА ВАЖАТ ДО 15 ЈУНИ НА ТЕРИТОРИЈА НА ЦЕЛА ДРЖАВА

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, по предлог на Комисијата за заразни болести денеска на ГККШ предложи полицискиот час и мерките да останат да важат до 15 јуни, на територија на цела држава. Министерот образложи дека овој предлог на Комисијата е да се ограничи дополнително групирање во доцните часови.

Епидемиолошката состојба во државата е стабилна, бројот на активни случаи се намалува, а драстично е намален и бројот на хоспитализирани пациенти во ковид центрите на териториј на цела држава. На КИБФС првпат од почетокот на пандемијата, лекарите прегледуваат пациенти и од други инфективни патологии. Според последната епидемиолошка анализа нема најава дека престојниот период ќе има зголемување со нови случаи на заразени, како и зголемен број на хоспитализирани.

Минатата недела кај еден пациент, кој е хоспитализиран во приватна болница, е детектирано присуство на „индиски“ сој на вирусот СарсКов2. Според епидемиолошката анкета, која ја направила болницата, пациентот се вратил од Ирак, каде претходно 10 дена бил болен и хоспитализиран, кога се вратил во земјава, веднаш со посебно санитетско возило бил пренесен во болницата. Состојбата на пациентот е стабилна и овој пациент не е знак за ризик.

Сподели на:

Related Posts