МЕЏИТИ: OТВОРЕН НОВИОТ ОБЈЕКТ ВО ПСИХИЈАТРИСКА БОЛНИЦА СКОПЈЕ

По повеќе од една деценија завршен е еден од најважните проекти во здравството во нашата земја, истакна министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити денес за време на отворањето на новиот објект, во ЈЗУ Психијатриска болница Скопје, кој започна со работа.

-Нешто кое со години чекаше да се заврши, конечно од денес почнува со работа. Новата болница е современа опремена, според меѓународни стандарди и јас сум уверен дека новите услови за работа ќе придонесат за поголем ентузијазам и поголема енергија на медицинскиот и немедицински персонал во секојдневното работење, посочи Меџити.

Министерот Меџити информираше дека капацитетот на новиот објект е 68 болнички кревети и дека таму се наоѓа одделот за лекување и рехабилитација за пациентите поради зависност од алкохолизам, како и дека таму ќе се згрижуваат пациенти на кои им е потребно продолжено лекување, рехабилитација и ресоцијализација на пациенти, со нарушено ментално здравје. Еден дел од објектот е интерно одделение, наменето за третман на пациенти со ментални нарушувања и проблеми во соматското здравје.

-После 13 години, во новиот блок од Психијатриската болница ќе се примаат пациенти. Освен болничките соби објектот е опремен со сите потребни санитетски и други придружни простории за соодветно сместување и болничко секојдневие на пациентите, посочи Меџити.Меџити истакна дека со стапувањето на функцијата министер за здравство секојдневно со својот тим се залага за остварувања за подобар јавен здравствен систем, како откочување на децениски заглавени проекти, набавка на современа терапија, опремување и реновирање на здравствени установи. Тој истакна дека на тој начин се покажува дека фокусот е на здравјето на граѓаните, како и на развој на современо и модерно здравство.

Сподели на:

Related Posts