ИЈЗ: МИНАТАТА НЕДЕЛА ПОМАЛКУ НОВОЗАРАЗЕНИ СО КОВИД-19, ВАКЦИНИРАНИ ВКУПНО 774.422 ГРАЃАНИ

Последната епидемиолошка анализа на Институтот за јавно здравје покажува дека за 40% е намалена инциденцата на ширење на вирусот кај населението на ниво на цела држава со почеток на училишната година, споредбено со ширење на вирусот во последните две недели во август. Во епидемиолошката анализа на Институтот опфатена е возрасна популација од претшколска возраст, основно и средно образование, како и академска возраст.

Во предучилината и училишната возраст најмал е бројот на зазарени, споредбено и по возрасни групи, односно на возраст од нула до 9 години има само 3,9% во државата се ковид позитивни. По дистрибуција по градови, во Скопје има 139 заразени основци, 70 средношколци, 72 од академската популација и 28 деца во претшкослка возраст. Во Куманово, има 5 заразени основци, 8 средношколци, 18 од академската популација и 3 деца во претшколска возраст. Во Штип две деца од претшколска возраст се ковид позитивни, 5 основци, 8 средношколци и 3 од академската популација. По две заразени деца од претшколска возраст има и во Велес и Ресен, и 1 е заразено во Прилеп. Од популацијата во основно, во Велес и Ресен има по 5 ученици, 6 има во Струмица и Кавадарци, а 8 во Прилеп. Средношколци позитивни на ковид има 3 во Велес, 7 во Кавадарци, 4 во Прилеп и 2 во Струмица. И од академската популација заразени со вирусот се 6  во Велес, по 2 во Кавадарци и Прилеп и по 3 во Струмица и Ресен.

Согласно овие податоци и намалената инциденца на ширење на вирусот, нема потреба од промена на моделот на настава, сметаат од Комисијата за заразни болести.

Сподели на:

Related Posts