МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ СО ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД СТРУМИЦА: ВЕЌЕ ТРЕТ МЕСЕЦ ЛЕКОВИ ИМА ВО СЕКОЕ ВРЕМЕ, РЕШЕН Е ДЕЦЕНИСКИОТ ПРОБЛЕМ

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче и градоначалникот на општина Струмица Коста Јаневски, денеска остварија средба со Здружението на пензионери од Струмица.

Пензионерите се заблагодарија за укинувањето на квотите и достапноста на лековите. Тие потенцираа дека лековите ги земаат во секое време и истакнаа дека повеќе не прават домашни аптеки.
На средбата, министерот Филипче изјави дека е решен деценискиот проблем со недостигот на лекови. Веќе трет месец лековите се достапни за пациентите секој ден и нема повеќе гужви.

Сподели на:

Related Posts