МИНИСТЕРОТ САЛИ УЧЕСТВУВАШЕ ВО НАСАТАНОТ НА СВЕЧЕНАТА АКАДЕМИЈА ПО ПОВОД СВЕТСКИ ДЕН НА ЗДРАВЈЕТО 7 АПРИЛ

Годинешното мото „Нашата планета, нашето здравје“ нè потсетува на поврзаноста на нашето здравје со грижата за животната средина. Обезбедувањето здрава животна средина значи поздрави луѓе и поздрави поколенија. Потребен е мултисекторски и интегративен пристап за спречување или ублажување на негативните ефекти на животната средина врз здравјето на луѓето, истакна министерот за здравство, Беким Сали, на свечената академија по повод Светски ден на здравјето 7 април, во организација на Македонско лекарско друштво.Во своето поздравно обраќање, министерот потенцираше дел од активностите кои беа реализирани во насока на унапредување на здравствениот систем, меѓу кои обезбедување нова медицинска опрема во повеќе ЈЗУ, како што се четири нови апарати за компјутерска томографија и за магнетна резонанца на Институтот за радиологија, обезбедени во соработка со Светска банка, како и современа медицинска опрема со грант од Јапонија, за повеќе клиники наменета за третман на пост-ковид пациенти. Посветени сме и на стручно доусовршување и надградба на кадарот. На Државниот универзитет во Тетово значајна новина е воведувањето нова Програма за специјализација по семејна медицина. Ова е долгорочна инвестиција, од која ќе произлезат стручни кадри во оваа специјалност, потенцираше министерот Сали. Во соработка со Управата Мојтермин е изработена веб платформа skrining.mk, преку која жените првпат имаат можност електронски да закажат преглед во рамки на бесплатниот организиран скрининг за рана детекција на рак на грло на матка.

Сподели на:

Related Posts