Министерот за здравство Беким Сали денес , во рамки на активностите за одбележување на 7 април – Светски ден на здравјето имаше свое обраќање на настанот организиран од ДУТ во Тетово.- Во насока на стручно доусовршување и надградба на кадарот – првпат тука на Државниот универзитет во Тетово воведуваме нова Програма за специјализација по семејна медицина. Ова е долгорочна инвестиција, од која ќе произлезат стручни кадри во оваа специјалност, изјави Сали.Исто така, тој додаде дека иноцирано е проширување на дејноста на Клиничка болница – Тетово за вршење специјалистичко – консултативна и болничка здравствена заштита на секундарно ниво од областа на градната хирургија, како и проширување на дејноста на оваа установа за спроведување специјалистичко – консултативна здравствена заштита на секундарно ниво од областа нуклеарна медицина.- Паралелно на овие новини, заедно со менаџментот на Тетовската клиничка болница работиме на изнаоѓање можности за просторно проширување, за санирање и зајакнување на капацитетот на објектот, како и за проширување на медицинскиот тим за задоволување на здравствените потреби на населението од овој регион, посочи министерот Сали на крајот од своето обраќање.
/**
*/