– Унапредување на соработката меѓу Министерството за здравство и Лекарската комора на Македонија, носењето на новиот Закон за здравствена заштита, Законот за докторска дејност, платите и дежурствата на докторите и целокупниот медицински персонал и иницирање кампања за подигнување на достоинството на здравствените работници.
Ова се дел од темите на работниот состанок на министерот за здравство Венко Филипче со претседателката на Лекарската комора на Македонија, Калина Гривчева Старделова и претставници на Комората, кои тој ги наброја во изјава пред неговиот почеток.
– Ќе разговараме и за промена на ниво на функционирање на докторите во примарната здравствена заштита. Сакаме пациентите да ги префрлиме од име на докторот на име на ординација за да се избегнат проблемите кои се јавуваат кога докторите преминуваат од едно место на друго или се пензионираат, додаде Филипче.
Гривчева Старделова рече дека и натаму ќе имаат вакви средби за да можат докторската струка да ја унапредат и да се стави на повисоко ниво.