МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО ЈА ПОДДРЖУВА АКЦИЈАТА „ЦРВЕН АЛАРМ ЗА ЖЕНСКОТО СРЦЕВО ЗДРАВЈЕ“

Министерството за здравство ја поддржува акцијата „Црвен аларм за женското срцево здравје”, во организација на Универзитетска клиника за кардиологија и со поддршка од Здружението на матични и семејни лекари и Центарот за семејна медицина, со цел превенција на кардиоваскуларните заболувања кај женската популација болести се водечка причина за смрт на глобално ниво.

-Болестите на циркулаторниот систем учествуваат со 53,9 % во вкупниот морталитет и се на прво место во структурата на причини за смрт, при што стапката на смртност од цереброваскуларни заболувања е повисока кај женската популација, посочи на вчерашниот настан, министерот за здравство, д-р Венко Филипче. 

Најефикасниот начин за глобално намалување на стапката на кардиоваскуларни заболувања е превенција на ризик факторите во сите старосни структури, со посебен акцент на женското кардиоваскуларно здравје.

Согласно податоци од Институтот за јавно здравје, споредено според пол, во периодот 2010-2018 година, смртноста од циркулаторни заболувања е повисока кај жените, во однос на мажите. Инаку, болестите на циркулаторниот систем учествуваат со 53,9 % во вкупниот морталитет и се на прво место во структурата на причини за смрт, при што стапката на смртност од цереброваскуларни заболувања е повисока кај женската популација.

-Министерството за здравство на годишно ниво изготвува посебна Програма за превенција на кардиоваскуларни болести, со посебен фокус токму на превенција на факторите на ризик, навремено препознавање на кардиоваскуларните заболувања, намалување на смртноста и инвалидитетот, унапредување на квалитетот на третман и лекување на секундарно и терциерно ниво, како и подобрување на квалитетот на живот кај пациентите со кардиоваскуларни болести. Целта е заеднички да одговориме на се поголемото оптоварување на населението со кардиоваскуларни болести и намалување на инвалидитетот и смртноста од овие заболувања, со заеднички заложби од сите општествени чинители, посочи министерот.

Сподели на:

Related Posts