ОБЕЗБЕДЕНА Е НАПРЕДНА И СОВРЕМЕНА ТЕРАПИЈА ЗА ХЕПАТИТИС Ц ЗА 150 ПАЦИЕНТИ

Министерството за здравство и Универзитетската Клиника за Инфективни Болести и Фебрилни Состојби, во соработка со американската невладина организација Direct Relief, обезбедија напредна и соверемена терапија за Хепатит Ц за 150 пациенти.

На денешната прес-конференција, министерот за здравство Доц. д-р Венко Филипче истакна дека терапијата за Хепатит Ц е со вредност од речиси 19 милиони американски долари. Препаратите се произведени од една од водечките фармацевтски компании во САД и се со гарантиран квалитет.

Од крајот на 2014 година во светот постои нова терапија за хронично инфицираните  со вирусот на хепатитис Ц, која има висок процент на успешност. Терапијата се зема на уста, не се аплицира со боцкање, овозможува ефикасност од 95-100 проценти.  Несаканите ефекти во тек на лекувањето се со значително понизок процент и тежина, кои речиси и не бараат нејзино прекинување. Третманот овозможува елиминирање на вирусот од човековиот организам, спречување на понатамошно оштетување на црниот дроб, кога има и појава на цироза и развој на хепатоцелуларен карцином. Исто така допринесува и за извесно опоравување на црниот дроб до одредени граници. Успешно спроведеното лекување ја намалува, одложува или комплетно исклучува потребата од трансплантација на црниот дроб кај овие пациенти.

„Овие така наречени директно делувачки антивирусни лекови, кои ги добивме како донација американската невладина организација Direct Relief, се наменети за лекување на пациенти со хронична Ц вирусна инфекција со генотип 1 и 4. Донираната терапија ќе овозможи лекување на околу 200 пациенти кои ке се третиртаат на ЈЗУ У Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби и ЈЗУ У Клиника за гастроентерохепатологија“, информираше министерот Филипче.

Денешната донација е обезбедена во рамките на поширока програма за поддршка на здравствениот систем на Република Македонија која Министерството за здравство ја реализира во соработка со Direct Relief и преку која се обезбедуваат таргетирани донации како одговор на утврдени потреби.

Директорката на Клиниката за инфективни болести, д-р Милена Стевановиќ изјави дека со овој лек не само што ќе се лекуваат заболените од хепатитис Ц, туку ќе се намали и смртноста.

Хепатитис Ц вирусната инфекција претставува еден од водечките здравствени проблеми во светот поради големиот број на хронично инфицирани лица, сериозноста на последиците по здравјето и животот на болните од значајното оштетување на црниот дроб.  Во Република Македонија се проценува дека бројот на инфицирани со овој вирус се движи околу 1,2-1,5 отсто од популацијата.

Досега хроничната Хепатитис Ц вирусна инфекција се третираше со Пегилиран интерферон и Рибавирин, третман чија ефикасност е од 40 проценти до зависно од генотипот, според различни студии. Терапијата е со голем број контраиндикации за нејзина употреба, несакани ефекти, поради кои и третманот не ретко е прекинуван што ги остава пациентите без избор за лекување.

„Благодарам на Direct Relief што ни помага и ги препозна нашите напори да обезбедиме современи терапии за лекување на пациентите на кои тоа им е најмногу потребно. И во следниот период продолжуваме со директна соработка и донациии во повеќе сегменти во здравството“, потенцираше министерот Филипче.

Сподели на:

Related Posts