ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА КРВОДАРИТЕЛСТВОТО – МИНАТАТА ГОДИНА СОБРАНИ НАД 53.000 ЕДИНИЦИ КРВ

Со свечен настан денеска беше одбележен Денот на крводарителството и 77 години постоење на Црвениот крст.
Министерот за здравство, Беким Сали истакна дека дека овој настан е одлична можност да се потенцира важноста на крводаритеството како исклучително солидарен и хуман гест.

– Токму Црвениот крст е наш постојан партнер во реализирање на активностите за континуирана воспитна и мотивациска програма меѓу населението, непосредна подготовка на крводарителските акции и изготвување информативни материјали, учество на волонтери, како и доделување признанија на крводарителите. И во време на пандемијата со Ковид-19 непречено се одвиваат крводарителските акции со целосно почитување на протоколите за заштита. Со акциите на Црвениот крст и Институтот за трансфузиона медицина само минатата година се собрани вкупно 53.133 единици крв, што е повеќе од планираните 52 илјади единици крв. Ви честитам на посветеноста и заложбата да се поттикнат што е можно повеќе крводарители, рече во поздравното обраќање министерот Сали.

Претседателот на Црвениот крст на Северна Македонија, Ромел Велев, истакна дека во тек на пандемијата со Ковид-19, дарителите на крв се повикувани да продолжат со нивната значајна улога во поткрепа и одржување на нашиот здравствен систем.

На 16 општински организации на Црвениот крст кои го исполниле планот за крводарувањето во 2021 година им беа врачени признанија.

По повод одбележувањето на Светскиот ден на здравјето – 7 Април и месецот на постот Рамазан – на 31 март, Министерството за здравство ќе организира голема крводарителска акција во просториите на Чифте амам во Старата скопска чаршија, со цел да се придонесе кон афирмација на крводарителството

Сподели на:

Related Posts