ПРЕЗЕНТИРАНИ РЕЗУЛТАТИ ОД ИСТРАЖУВАЊЕТО ЗА УПОТРЕБА НА ПСИХОАКТИВНИ СУПСТАНЦИ

Државниот секретар во Министерството за здравство, д-р Владимир Милошев, денеска се обрати на прес конференцијата на која беа презентирани резултати од истражувањето за употреба на психоактивни супстанци кај општата популација во Република Македонија.
Станува збор за глобално популациско истражување кое за првпат се спроведе во Република Македонија, а се однесува на состојбите со употребата на психоактивни супстанци кај возрасното население.
Истражувањето е спроведено од Институтот за јавно здравје на Македонија, со поддршка на Европскиот мониторинг центар за дроги и зависности од дроги и Министерството за здравство.

Сподели на:

Related Posts