Одделот за ревматологија и кардиологија на Детска клиника е комплетно реновиран и доопремен со поддршка од Комерцијална банка. Инвестицијата е во вредност од 5 милиони денари.
На настанот по повод пуштање во употреба на одделот, присуствуваа министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити, заедно со заменик министерката, д-р Маја Манолева.
-Ова е значаен придонес за обезбедување поквалитетни услови за престој на најмладите пациенти и максимална нега од медицинскиот персонал. Благодарност до Комерцијална банка, која е добар пример за општествено одговорна компанија, истакна на настанот министерот Меџити.