РЕГИСТРИРАНИ 33 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД 19 – ВКУПНО ДИЈАГНОСТИЦИРАНИ 155.246, ОЗДРАВЕНИ 92, ПОЧИНАТИ 11 ЛИЦА

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 3.777 тестирања, а регистрирани се 33 нови случаи на КОВИД-19 во:Скопје – 13, Куманово – 4, Тетово, Охрид и Кичево – по 3, Прилеп и Радовиш – по 2, Битола, Штип и Дебар – по 1.
Регистрирани се 92 оздравени пациент од:Охрид – 41, Скопје – 15, Струга – 13, Куманово – 6, Битола – 5, Гостивар – 3, Кочани – 2, Тетово, Кичево, Неготино, Свети Николе, Радовиш, Виница, Кратово – по 1.
Пријавени се вкупно 11 починати лица: 5 лица од Скопје (64г,77г,77г,77г,92г) и по едно лице од Виница (79г), Куманово (80г), Неготино (74г), Струмица (69г) и Тетово (76г).Од пријавените, 2 лица  се починати  во домашни, а останатите 9 во болнички услови.
Направени се 3.777 тестови преку: ИЈЗ-432, ЦЈЗ Скопје-67, ЦЈЗ Битола-86, ЦЈЗ Прилеп-55, ЦЈЗ Тетово–17,ЦЈЗ Куманово – 0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-3, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-10, Институт за микробиологија–68, МАНУ-47, Жан Митрев (Филип Втори)-224, Авицена-303, Биотек-469, Систина-184, лабораторија Лаор-557, Синлаб-96, Ремедика-92, Плодност–46, Генеа–56, Никоб лаб-48, ВФВ Медикал-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 916.
Досега во земјата се направени вкупно 792.077 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.246, бројката на оздравени пациенти е 147.473, на починати е 5.398, а бројот на активни случаи изнесува 2.375.

Сподели на:

Related Posts