РЕГИСТРИРАНИ 10 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД 19 – ВКУПНО ДИЈАГНОСТИЦИРАНИ 155.417, ОЗДРАВЕНИ 332, ПОЧИНАТИ 7 ЛИЦА

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 2.825 тестирања, а регистрирани се 10 нови случаи на КОВИД-1 од:Скопје – 5, Прилеп и Виница – по 2, Куманово – 1.
Регистрирани се 332 оздравени пациент од:Скопје – 101, Куманово – 45, Битола – 23, Прилеп и Струмица – по 19, Тетово – 16, Охрид – 15, Кичево – 12, Струга – 10, Виница – 9, Радовиш – 8, Гостивар – 7, Штип, Ресен и Делчево – по 6, Велес  и Свети Николе – по 5, Кавадарци, Неготино и Гевгелија – по 4, Крушево – 3, Богданци – 2, Кочани, Крива Паланка и Демир Хисар – по 1.
Пријавени се вкупно 7 починати лица: по едно лице од Куманово (69г), Прилеп (78г), Тетово (77г), Гостивар (77г), Кочани (80г), Штип (69г) и Струмица (52г).Од пријавените, три лица се починати во домашни, а останатите 4 во болнички услови.
Направени се 2.825 тестови преку: ИЈЗ-409, ЦЈЗ Скопје-31, ЦЈЗ Битола-84, ЦЈЗ Прилеп-55, ЦЈЗ Тетово–14, ЦЈЗ Куманово–49, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ 8-ми Септември-13, Институт за микробиологија–36, МАНУ-0, Жан Митрев (Филип Втори)-102, Авицена-251, Биотек-328, Систина-117, лабораторија Лаор-420, Синлаб-12, Ремедика-17, Плодност–56, Генеа–32, Никоб лаб-155, ВФВ Медикал-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 643.
Досега во земјата се направени вкупно 814.518 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.417, бројката на оздравени пациенти е 149.292, на починати е 5.455, а бројот на активни случаи изнесува 670.

Сподели на:

Related Posts