РЕГИСТРИРАНИ 364 НОВИ СЛУЧАИ СО КОВИД 19 – ВКУПНО ДИЈАГНОСТИЦИРАНИ 147.094, ОЗДРАВЕНИ 689 ПАЦИЕНТИ, ПОЧИНАТИ 24 ЛИЦА

Во последните 24 часа се направени 2.379 тестирања, а регистрирани се 364 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 161, Куманово – 36, Битола и Прилеп – по 25, Охрид – 15, Тетово – 13, Штип – 10, Кавадарци, Струмица и Гевгелија – по 9, Велес, Гостивар и Струга – по 8, Кичево и Дебар – по 6, Свети Николе – 4, Виница – 3, Кочани и Неготино – по 2, Крива Паланка, Ресен, Берово, Делчево и Богданци – по едно лице.

Регистрирани се 689 оздравени пациенти од: Скопје – 254, Куманово – 61, Битола – 52, Прилеп – 44, Велес и Тетово – по 36, Кавадарци – 32, Штип – 24, Гостивар – 21, Струмица – 17, Кичево – 14, Неготино – 13, Гевгелија, Крива Паланка и Виница – по 10, Кочани – 9, Ресен и Валандово – по 7, Свети Николе, Пробиштип и Берово – по 5, Радовиш и Демир Капија – по 4, Пехчево – 3, Крушево и Кратово – по 2, Богданци и Македонски Брод – по едно лице.

Пријавени се вкупно 24 починати лица: 7 од Скопје (40г, 52г, 55г, 59г, 64г, 72г и 85г), 6 од Битола (63г, 68г, 70г, 71г, 71г и 85г), 3 од Куманово (73г, 76г и 84г) и по еден пациент е пријавен од Охрид (88г), Кавадарци (82г), Струмица (73г), Струга (69г), Свети Николе (64г), Крива Паланка (74г), Радовиш (75г) и Пробиштип (52г). Сите пријавени пациенти се починати во болнички услови.

Направени се 2.379 тестови преку: ИЈЗ – 459, ЦЈЗ Скопје – 44, ЦЈЗ Битола – 84, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 0, Судска медицина – 0, лабораторија болница Козле – 0, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ 8-ми Септември – 13, Институт за микробиологија – 138, МАНУ – 76, Жан Митрев (Филип Втори) – 115, Авицена – 195, Биотек – 254, Систина – 189, лабораторија Лаор – 361, Синлаб – 31, Ремедика – 36, Плодност – 48, Генеа – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 336. Во земјата, досега, се направени вкупно 691.255 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 147.094, бројката на оздравени пациенти е 122.810, на починати е 4.443, а бројот на активни случаи изнесува 19.841 лице.

Сподели на:

Related Posts