СО ИНОВАТИВНАТА БИОЛОШКА ТЕРАПИЈА ЗНАЧИТЕЛНО ПОДОБРЕН КВАЛИТЕТОТ НА ЖИВОТ НА БОЛНИТЕ СО ХЕМОФИЛИЈА

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче оствари средба со Мирсад, студент на медицина и еден од десетте пациенти со хемофилија кој од почетокот на оваа година ја прима иновативната биолошка терапија во домашни услови. Користејќи ја оваа терапија (emicuzumab) Мирсад функционира комплетно независно бидејќи самиот ја администрира, а болните и чести венепункции за него се веќе минато.

Мирсад е задоволен, откако ја прима новата терапија значително му е подобрен квалитетот на животот и секојдневното функционирање.

Терапијата ја воведовме во најкритичниот период во здравството, а Клиниката за хематологија, во соработка со Министерството за здравство, направи мобилен тим кој ги посети пациентите низ земјава и ги едуцираше како сами да ја администрираат терапијата.

Оваа терапија е значајна бидејќи на тој начин се избегнуваат трајните оштетувања на зглобовите, предзивикани од честите крварења, кои за жал, понекогаш водат кон траен инвалидитет.

Сподели на:

Related Posts