Најсовремен клинички аудиометар е обезбеден во Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас со поддршка од Република Бугарија. Со оваа опрема значително се унапредува квалитетот во дијагностиката на слушните оштетувања, како и третманот на лицата со кохлеарен имплант.

Дел од перформансите на аудиометарот се веќе пуштени во употреба во делот на тонална аудиометрија, каде фреквенцијата на пациенти е околу 10-тина дневно.
– Изразувам искрена благодарност до министерот за надворешни работи на Република Бугарија, Николај Милков, како и до Амбасадата на Република Бугарија, за континуираната поддршка и одличната соработка, посочи министерот за здравство, д-р Беким Сали на денешната посета на Заводот.
