Д-р Тефик Сали

ТВОЈ ДОКТОР – д-р Тефик Сали, матичен лекар во Тетово

По природа сум човек кој не верува во невозможното и токму тука ја наоѓам најголемата мотивација за остварување на своите соништа.
А за нив велат, ако не ве исплашат тогаш не се доволно големи.
Уште во раното детство сонував да станам лекар. Тоа што сите околу мене велеа дека е невозможно, јас како дете на сиромашно и неедуцирано ромско семејство да успеам во своите намери еден ден да лекувам луѓе, ми влеваше уште повеќе жар и мотив за докажување.
Не беше воопшто лесно, но ете, јас денес стојам со бел мантил пред вас и пред сите оние кои ме избрале да се грижам за нивното здравје. Веќе неколку години работам како матичен лекар во Тетово со тим и пациенти од различни возрасти и етничка припадност.
Најголема инспирација во работата како лекар ми е одржувањето на здравјето и насмевката на лицата на моите пациенти. Нивното задоволство за мене претставува најголема награда и мотив за понатамошно усовршување во работата.
Свесен сум за проблемите со кои се соочуваме во здравството, но исто така сум убеден и верувам дека секој од нас може да придонесе за нивно решавање, бидејќи заслужуваме здрави и витални пациенти, заслужуваме задоволни и добри лекари и заслужуваме подобро здравство!

Сподели на: