УСПЕШНО ИЗВРШЕНА ТРЕТА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА – ПОЧНА ДА ЧУКА НОВОТО СРЦЕ ТРАНСПЛАНТИРАНО КАЈ 39-ГОДИШНА ПАЦИЕНТКА

Министерството за здравство ја информира јавноста, на Клиниката за кардиохирургија е извршена третата трансплантација на срце во историјата на нашата држава. Операцијата беше извршена врз 39 годишна жена, со вродена срцева маана, кoја подолго време чекаше донор. Станува збор за тешка операција, која траеше 5 часа. Донираното срце е од починат пациент чие семејство ја покажа својата големина и човечност и одлучи да ги донира срцето и бубрезите за да се спасат три животи. За овој гест на хуманост министерот за здравство, д-р Венко Филипче, Министерството за здравство и целиот медицински персонал им изразуваат неизмерна почит и благодарност.

На Клиниката за урологија, извршена е трансплантација на бубрези кај двајца пацинти. Во трансплантацијата на органи учествуваа хирурзи, анестезиолози и останат медицински персонал од државните клиники за Кардиохирургија, Кардиологија, Урологија, Нефрологија, Институтот за траснфузиона медицина, за Рендгенологија, КАРИЛ и лекарски тим од Клиничката болница „Жан Митрев“.

Сподели на:

Related Posts